Свети Винцент и Гренадини
Свети Винцент и Гренадини, скратено СВГ, (англиски: Saint Vincent and the Grenadines) е држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 389 км2 со вкупно население од 120.000 жители. Државата е составена од островот Свети Винцент и две третини од островите Гренадини, каде една третина припаѓа на Гренада. Северно од Свети Винцент и Гренадините се наоѓа државата Света Луција, источно се наоѓа Барбадос, додека јужно од истата се наоѓа државата Гренада. Главен град на земјата е Кингстаун со службен јазик англиски. Низ историјата, таа била колонија и на Франција и на Велика Британија. Потекло на поимотОстровот Свети Винцент се стекнал со истото име уште со доаѓањето на Кристофер Колумбо на островот. Имено, тој стигнал на островот на 22 јануари 1498 година кога бил празникот на Свети Винцент од Сарагоса — покровител на Португалија. Претходно островот се викал Хаироун. Понекогаш на македонски државата и островите се именуваат како Свети Винсент и Гренадините. ИсторијаГеографија![]() Свети Винцент и Гренадини е островска држава составена од неколку острови. Државата се наоѓа во Средна Америка, поточно дел е од островите Мали Антили. Јужно од државата се наоѓа Гренада, додека северно е Света Луција. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно се наоѓа Атлантскиот Океан. Најголем остров е Свети Винцент со вкупна површина од 344 км2, додека останатите помали острови Гренадини зафаќаат површина од 45 км2, но јужните островчиња од Гренадините се под контрола на Гренада. Главен град на државата е Кингстаун и државата има вкупно население од 120.000 жители. Острови
Политички системСвети Винцент и Гренадини е уставна монархија каде шеф на државата е кралот Чарлс III. Тој во државата е претставен од генералниот гувернер, кој моментално на таа позиција е Фредерик Балантајн. Гувернерот има церемонијална улога. Контролата на владата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Моментален премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Државата нема формална армиска војска, но присутна се кралските полициски сили на Свети Винцент и Гренадини. Административна поделба![]() Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.
Стопанство![]() Земјоделството е доминантна гранка во стопанството и производството. Покрај тоа, во државата има и сектор за услуги, кој се заснова на туризмот. Владата не била многу успешна во промоција на нови индустриски гранки и има висок степен на невработеност од 22%. Туризмот во државата има голем потенцијал за развој. Бидејќи филмот Пиратите од Карибите се снимал во оваа држава, тоа резултирало зголемен туризам. Демографија![]() Вкупното население на Свети Винцент и Гренадини изнесува 118.149 жители според пописот од јуни 2008 година. Етнички, 66% од населението е црно, 6% се Индијци, 19% мешано население, 2% се староседелско население, 4% се бело население и 3% останато. Голем дел од населението е со африканско потекло кое било донесено на островите за работа на плантажи. Државата има голем степен на емиграција. Службен јазик во државата е англискиот јазик, но голем број од населението зборува Винцентски креолски јазик.[4][5][6] Англискиот се користи во образованието, религијата и останатите општествените установи. Голем дел од населението се Христијани.
Култура![]() Музиката на Свети Винцент и Гренадините вклучува големи тапани, калипсо, сока и други инструменти. Популарни во државата се бендовите. Најпознат меѓународен пејач е Марлон Рудет, водечки вокал на групата Mattafix позната по хитот „Big City Life“. НаводиДодатни информации
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia