Паломарска опсерваторија
Паломарска опсерваторија англиски: Palomar Observatory — астрономска опсерваторија во приватна сопственост, сместена во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Местото се наоѓа 145 км југоисточно од Лос Анџелес, во Паломарските Планини. Со неа работи Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во Пасадена и нејзините истражни соработници како Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и универзитетот „Корнел“.[1] Во состав на опсерваторијата работат неколку телескопи, вклучувајќи го познатиот Хејлов телескоп (5,1 м) и телескопот „Семјуел Ошин“ (1,2 м). Научниот кадар работи и со други инструменти како Паломарскиот интерферометар и историскиот Шмитов телескоп (0,46 м) од 1936 г. ТелескопиХејлов телескопХејловиот телескоп има отвор од 5,1 и го носи името на астрономот Џорџ Елери Хејл. Неговата изградба е предложена во 1928 г. Конструиран е од самиот институт Калтех со средства од фондацијата „Рокфелер“. Леќата е избрусена од издржливо стакло од стакларницата „Корнинг“. Во своето време бил најголем телескоп во светот и за првпат е употребен на 26 јануари 1949 г. за NGC 2261.[2] од страна на истакнатиот астроном Едвин Хабл, кој ја имал честа прв да работи со него. Со Хејловиот телескоп се направени значајни откритија на далечни тела што се квазарите и дал прв непосреден доказ за ѕвездите во далечните галаксии. Со него е проучуван хемискиот состав на галактички облаци, што довело до сознанието за синтезата на елементите во вселената. Има откриено илјадници астероиди. Други телескопи![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia