Плутон (џуџеста планета)
Плутон (симболи: Плутон има три месечини: Харон (откриен во 1978 година), со кој често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг, и уште три помали месечини: Никта и Хидра (откриени во 2005) и S/2012 P 1 (откриен во 2012).[3] МесечиниХарон![]() Најголемата месечина на Плутон, Харон, е откриена во 1978 година. Иако заедничката маса на Плутон и Харон е точно одредена (со помош на точни мерења на периодот и полупречникот на орбитата на Харон) поединечните маси на Плутон и Харон тешко е да се пресметаат бидејќи тоа бара да се одредат взаемните движења околу заедничкото тежиште коешто е многу тешко да се измери заради малите димензии и оддалеченоста од Земјата. Односот на нивните маси е некаде помеѓу 0,084 и 0,157. Харон орбитира на 19.640 км од Плутон, а пречникот му е 1172 км. Неречен е според ликот од старогрчката митологија кој ги пренесувал мртвите преку реката Стикс во подземниот свет. Пред да биде откриен се сметало дека Плутон е многу поголем, бидејќи матните слики од Плутон и Харон заедно изгледале како еден голем објект. Полупречникот на Харон не се знае со голема точност. Вредноста од 586 км има грешка од +/- 13 км, повеќе од 2%. Неговата маса и густина исто така не се точно познати. Плутон и Харон се уникатни и по тоа што не само што Харон ротира синхроно, туку и Плутон. Затоа тие цело време се свртени со иста страна еден кон друг. Харон е најголемата месечина во однос на матичната планета во Сончевиот Систем, поради тоа и се јавува меѓусебната ротација на двете тела. Составот на Харон не е познат, но неговата мала густина (околу 2 гр/см³) укажува дека можеби е сличен како сатурновите мразести месечини. Неговата површина веројатно е прекриена со воден мраз. Интересно, тоа е прилично различно од Плутон. Харон нема атмосфера.
Температура, состав и атмосфера![]() Температурата на површината на Плутон варира помеѓу -235 и -210 °C (38 до 63 Келвини). Гледано низ телескоп потоплите региони се оние кои визуелно се забележуваат како потемни. Составот на Плутон не е познат, но неговата густина (околу 2 гр/см³) укажува дека веројатно е мешавина од 70% карпи и 30% воден мраз, многу налик на Тритон. Светлите региони на површината веројатно се прекриени со мраз од азот со помали количества цврст метан, етан и јаглерод моноксид. Составот на потемните региони на површината на Плутон не е познат, но се претпоставува дека е праисториски органски материјал или фотохемиски реакции поттикнати од космичките зраци. Атмосферата на Плутон, се состои најмногу од азот со и мала количина на јаглерод диоксид и метан. Таа е екстремно ретка бидејќи притисокот на површината е само неколку микробари, кои не се доволни да ја задржат атмосферата. Атмосферата на Плутон постои како гас само кога Плутон е близу својот перихел, а поголемиот дел од плутоновата година атмосферските гасови се замрзнати на неговата површина. За време на перихелот дел од гасовите го напуштаат, а можеби и влегуваат во интеракција со Харон. Плутон како тема во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia