Параболична антена![]() Параболична антена — антена што користи параболичен рефлектор, површина чиј пресек е парабола, за да ги насочи радиобрановите до една жаришна точка. Главната предност е високата насоченост, слична на рефлектор на проектор или џебна батерија. Параболичната антена има една од највисоките работни ефикасности од сите видови антени. Се користи за радио, телевизиски и други информациски комуникации, како и за радар, дециметарски радио бранови (300 MHz - 3 GHz) и сантиметарски микробранови (3 GHz - 30 GHz). Релативно малите бранови должини овозможуваат најоптимални големини на рефлекторите, со цел да се добие задоволителен сигнал. Со откривањето на приемот на сателитска телевизија, сателитските антени се сеприсутен дел од модерниот изглед на населбите. Се користи и за пренос на микробранови, радарски антени на земја и во авиони, безжични WAN/LAN врски, комуникации за сателити и вселенски летала и за радиотелескопи. ИсторијаИдејата за користење параболични рефлектори за радиотелескопи потекнува од оптиката, каде што употребата на параболични огледала за фокусирање на светлината потекнува од древно време. Изградбата на некои типови параболични рефлектори, како што се Касегреновиот и Грегориев вид, доаѓа од слични рефлектирачки телескопи откриени од астрономите во 15 век. ![]() Германскиот физичар Хајнрих Рудолф Херц ги конструирал првите параболични рефлекторски антени во 1888 година. Тоа бил цилиндричен параболичен рефлектор, направен од цинкови метални лимови, кој имал дрвена конструкција и имал диполи побудени со искричава празнина во жаришната точка. Објективот бил широк 1,2 м, жаришната должина 0,12 м и работе на честота од 450 MHz. Со две такви антени, едната за испраќање, а другата за примање сигнали, Херц го докажал постоењето на радиобранови, предвидени од Џејмс Кларк Максвел 22 години порано.[1] Првата параболична антена за сателитски комуникации била оперативна во 1962 година во Велика Британија, за комуникација со сателитот Телстар. ВидовиПараболичните антени се разликуваат според нивниот облик:
Параболичните антени исто така се разликуваат според внесот на сигналот:
ГрадбаИдејата на параболичните антени е да се претворат влезните паралелни зраци во точкест влезен сигнал или обратно. Рефлекторот обично е лим кој образува кружен параболоид и често има порабен надворешен раб, кој го сочинува пречникот на рефлекторот. За да се постигне максимален работен ефект, многу е важно обликот на рефлекторот да биде правилен, така што зраците од различни делови на рефлекторот бидат во жариштетот во фаза. Големите рефлектори често бараат структура со профили (триаголни потпори), што го зацврстува обликот. За прием на влезни сигнали, во жариштето има опрема што може да го прими и пренесе влезниот сигнал до приемникот, со помош на коаксијални кабли или брановоди. ![]() Добивка на антенатаКвалитетот на параболичните антени се мери со бездимензионален параметар, наречен добивка, што е односот на моќноста што ја прима антената во споредба со теоретската идеална изотропна антена. Вака функционира антената (или радиотелескопот):[3] каде:
Очигледно е дека колку е поголем објективот или пречникот на параболичниот рефлектор, толку е поголема добивката, со оглед на истата бранова должина. Се зголемува со квадратот на пречникот на рефлекторот. Најголемиот параболичен рефлектор во светот, радиотелескопот Аресибо во Порторико, со пречник од 305 метри, има работна добивка од 10.000.000 или 70 dBi, на 2,38 GHz. Степенот на ефикасност на целта eA зависи од многу чинители, најмногу од квалитетот на производството и инсталирањето на радиотелескопот. ![]() Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia