Параскева Бишова

Параскева Николова Бишова ( 1917 во Струмица — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Учествувала во НОД од пролетта 1941 година. Станала член на КПЈ од мај 1941 година. Собирала народна помош. Во текот на 1942 година во нивниот дом бил сместен магацинот за оружје. Во февруари истата година кај неа престојувале илегалци од покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, меѓу кои ѝ Вера Ацева. Била ангажирана околу подготовките за исфрлање на Струмичкиот партизански одред. Во септември 1944 година била дел од единиците на Четвртата македонска ударна бригада. Наскоро била вратена во Струмица за да работи во заднината на НОД.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 995.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya