Четврта македонска ударна бригада
![]() ![]() Четвртата македонска ударна бригада била воена единица на НОВ и ПОМ, формирана во Лисец, на планината Плачковица. Дејствувала од 24 јули 1944 до 1945 година. Била формирана од Плачковичкиот НОПО, делови од Втората и Третата македонска бригада и од новопристигнати борци. Команден составКомандниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
Политички комесари биле:
Борбени дејстваБригадата водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на пл. Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август). По борбите со германските сили ја ослободила Струмица (9 септември), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица - Берово (22 септември - 3 октомври). Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, по што била упатена да ја затвори југословенско-грчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија.[2][3] Во рамките на завршните операции за ослободување на Македонија, оваа бригада учествувала во борбите за ослободување на Кочани, Струмица и други населени места од Источна Македонија.[1] Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia