Параштитна жлезда
Параштитната или паратироидна жлезда е ендокрина жлезда која се наоѓа на штитната жлезда. Бројот на параштитните жлезди е различен: кај рибите отсуствуваат, другите ‘рбетници имаат четири параштитни жлезди, додека човекот има три до четири, а некогаш и повеќе вакви жлезди. ФункцијаХормонот на параштитната жлезда се нарекува паратхормон. Заедно со витаминот D, тој учествува во метаболизмот на калциумот и фосфорот. Клиничко значењеХиперпаратироидизамПри зголемено лачење (хиперфункција) на овој хормон, доаѓа до намалување на концентрацијата на фосфорот, а до зголемување на концентрацијата на калциумот во крвта. Со оваа промена можат да настанат одредени деформации на коските. ХипопаратироидизамПри хипофункција на паратхормонот, состојбата е обратна. Со намалување на калциумот во крвта доаѓа до негово натрупување во коските и забите. Во таква состојба се надразнуваат нервите, со што се поттикнуваат грчеви (состојба позната како тетанус) на мускулите кои можат да бидат и смртоносни. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia