Надбубрежна жлезда
![]() Надбубрежните жлезди (латински: glandula suprarenalis) се ендокрини жлезди. Надбубрежната жлезда е парна жлезда, се дели на лева и десна. Жлездите се сместени над горните полови од бубрезите, двете се тешки од 10 до 12 грама. Десната надбубражна жлезда по форма е триаголнеста, а левата наликува на полумесечина. Надбубрежната жлезда е изградена од два дела различни по форма и потекло, а тоа се: срцевина (meldullla) и кора (kotex). Кората има неврогено потекло како и бубрегот, а нејзините клетки се многуаголни, групирани оформуваат три слоја. Медулата на надбубрежната жлезда има симпатогено потекло како симпатикусот на човековото тело. Таа е составена од големи клетки и симпатички ганглиски клетки. Симпатичките ганглиски клетки ја поврзуваат надбубрежната жлезда со периферниот центар на автономиот нервен систем. Според местото на создавање хормоните на надбубрежните жлезди ги делиме на медуларни и кортикални. Функција![]() Медуларни хормониМедулата на надбубрежните жлезди лачи два хормона: адреналин и норадреналин. Во однос на хемиската структура двата хормона спаѓаат во групата на катехоламини. И покрај тоа што хемиската структура им е слична, дејствата на двата хормона може да биде различна. Физиолошкото дејство на двата хормона одговара на дејството на симпатикусот. Хормоните дејствуваат стимулативно врз срцевата работа (зголемената надразливост, спроводливост, сила, тонус и честота), предизвикуваат вазоконстрикција на крвните садови, а со тоа и покачување на артерискиот крвен притисок. Функција на надбубрежната кораНадбубрежната кора создава различни хормони со слична хемиска структура, од групата стероиди, но со различни функции. Прва група од стероидните хормони се минералокортикоидите. Втората група се состои од гликокортикоиди. Третата група ја сочинуваат андрогените. Кората на надбубрежните жлезди создава три групи хормони: во zona glonerolosa се создаваат менералокортикоидите, во zona fasciculata гликокортикоидните и во zona reticuloaris андрогените хормони. МенералокортикоидиОд минералокортикоидите хормони најголема физиолошка улога има алдестеронот. Неговата улога се состои во регулирање на концентрацијата на натриум во организмот. Алдестеронот ја стимулира ресорпцијата на натриум од дисталните и собирните каналчиња на нефронот, олеснувајќи го транспортот низ клеточните мембрани. Врз лачењето на алдестеронот имаат влијание други два хормони: кортикотропниот хормон од аденохипофизата и ренинот што го лачат бубрезите. Алдостеронот и артерискиот притисокАлдостеронот произведен од надбубрежната кора учествува во воспоставувањето рамнотежа на минералите и течностите во организмот. Својата функција ја врши во бубрезите, каде ја поттикнува реапсорпцијата на натриумот и отстранувањето на калиумот преку мочта. Овие дејства ги задржуваат течностите во организмот и, според тоа го зголемуваат артерискиот притисок. Во нормални услови, производството на алдостерон зависи од еден деликатен регулаторен механизам: при паѓањето на артерискиот притисок бубрегот лачи ренин,ткивен хормон кој активира една супстанција што ја произведува црниот дроб кој се наоѓа во плазмата, ангиотензин, агенс кој дејствува врз надбубрежната кора и го поттикнува производството и излачувањето на алдостеронот. ГликокортикоидиГликокортикоидите хормони се со најголемо физиолошко дејство во организмот, тое го покажуваат кортизолот и кортикостеронот. Гликокортикоидите играат важна улога во регулацијата на метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините. Под влијание на гликокортикоидите разградувањето (катаболизам) на белковините се зголемува, се стимулираат процесите на гликогенизата и неогликогенезата (создавање на гликоген од мастите и белковините). Лачењето на гликоркотеидите зависи од кортикотропниот хормон на аденохипофизата и се остварува по пат на негативна повратна врска. Врз количината на ослободениот кортикотропен хормон, а преку него на гликокортикоидите, големо влијание имаат сите видови на физички и психички стресови. Андрогени хормониАндрогените хормони (андростендион и 11 β - хидроксиандростендион) и естрогените својства функцијата ја искажуваат во гениталната сфера. Андрогените хормонизаедно со тестостеронот (машки полов орган што го лачат тестисите) се одговорни за маскулинизација, а естрогените хормони за феминизација на организмот. Клиничко значењеХипофункција![]() Хипофункцијата на кората на надбубрежните жлезди здружена со хипофункцијата на сржта доведува до појава на заболување познато како Адисонова болест. Болеста се одликува со следниве симптоми: општа мускулна слабост (адинамија), атрофија на мускулите намален артериски притисок (хипотензија), намалена концентрација на гликозата во крвта (хипогликемија), намалена телесна температура (хипотермија) и карактеристична обоеност на видливите делови од кожата. Кожата има боја на бронза, па оттаму и синоним на ова заболување „Бронзово заболување“. ХиперфункцијаКушинов синдром (Cushing синдром). Кушиновиот синдром се манифестрира со добивање на тенка кожа, мускулна слабост, зголемено ниво на гликоза. Наводи
Надворешни врскиАдисонова болест (Morbus Addison) Архивирано на 13 октомври 2013 г. Рак на надбубрежни жлезди Архивирано на 5 март 2016 г.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia