Партениј Зографски (манастир)

Ова е статија за манастир. За деецот со исто име видете Партениј Зографски
Партениј Зографски
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеДојрански манастир „Партениј Зографски“
Други имињаМанастир „Св. Марија Магдалена“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан2001
Посветен наСвета Марија Магдалена
ЕпархијаСтрумичка
Цркви„Св. Марија Магдалена“,
„Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“ и
„Св. Царско Семејство Романови“
Личности
Основач (и)Струмички митрополит Наум
Игуменсестра Февронија
Место
МестоСтар Дојран, Општина Дојран Македонија Македонија
Координати41°11′16″N 22°43′11″E / 41.18778°N 22.71972°E / 41.18778; 22.71972
Видливи остатоцитри цркви, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностаделумно
Други информации(Дојранска парохија)

Партениј Зографски или Дојрански манастирманастир во југоисточниот дел на Македонија, во селото Стар Дојран.

Тој претставува женски манастирски комплекс и бил основан во 2001 година од страна на Струмичкиот митрополит Наум.

Посветен е на големиот македонски светогорски монах од манастирот Зограф, еден од најобразуваните Македонци во XIX век и еден од најголемите ерудити на Балканот воопшто во тоа време, прв македонски епископ хиротонисан од Патријаршијата, преродбеник, поборник за воведување на црковно-словенскиот јазик во богослужбите, учебникар, писател и учител којшто го вовел македонскиот народен јазик во училиштата, проповедник и духовник.

Местоположба

Манастирот се наоѓа на повисок терен од главниот пат низ Стар Дојран, сместен меѓу куќите во населбата.

Историја

Манастирот е основан во 2001 година.

Монаштво

Манастирот е женски и во него на почетокот на 2001 година од Вељушкиот манастир дошле првите две монахињи. Старешина на манастирот е сестра Февронија. Сестринството е мало и типикот на манастирот е од затворен карактер. Тоа значи дека посетителите можат да ја посетат главната манастирска црква „Св. Марија Магдалена“ и таа посветена на Светото Семејство Романови, додека конаците и малата црквичка посветена на „Св. Максим Исповедник и на Св. Григориј Палама“ спаѓаат во монашкиот затворен простор. Иконописот и плетењето бројанички, како и изработката на мали и уникатни монашки ракоделија е главното послушание меѓу часовите за молитвено тихување и богослужбите.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат три цркви, конаци и помошни објекти.

Црква „Св. Марија Магдалена“

Ова е главната манастирска црква.

Црква „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“

Ова е манастирска црква во затворениот дел.

Црква „Св. Царско Семејство Романови“

Ова е манастирска црква.

Конаци

Во манастирот има еден главен конак.

Галерија

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya