Пердувеста кукумјавка
Пердувестата кукумјавка (науч. Aegolius funereus) е мала утка. Таа спаѓа во „типичните утки“ на семејството Strigidae, која ги содржи повеќето видови утки. Се среќава и во Македонија. Опис![]() Пердувестата кукумјавка е долга 22-27 см со распон на крилјата 50-62 см. Таа кафеава одозгора, со бели дамки на рамењата. Одоздола е бела прошарана со надолжни линии со боја на ’рѓа. Главата е голема со жолти очи и бели фацијални дискови и со изглед на „изненаденост“. Клунот е светложолт.[2] Летот е силен и директен. Младенчињата се чоколаднокафеави. ПоведениеПердувестата кукумјавка е несоцијална ноќна утка.[3] Огласувањето на оваа утка е како звукот на мавтање со крилјата.[4] Овој вид вообичаено не е птица преселница, но наесен значаен број се селат појужно. Таа не се оддалечува многу од местото на размножување, иако е тешко да се открие надвор од сезоната на парење, кога воопшто не се огласува. Размножување![]() Оваа птица се размножува во густите четинарски шуми низ северниот дел на Северна Америка и Евроазија, во планините како Алпите и Карпести Планини во Канада. Несе 3-6 јајца во дупка во дрво. Низ Европа, но и низ Азија и Америка, природнонаучниците и орнитолозите ставаат кутии за гнездење за оваа и другите мали утки. ИсхранаОваа мала утка претежно се храни со глодачи, други мали цицачи, но и со птици и инсекти и други безрбетници. Таа е ноќна птица, но понекогаш е принудена да лови и дење заради кратките ноќи летно време. СмртностПознато е дека пердувестата кукмјавка живее над 16 години. Бидејќи е ова мала утка, таа често е ловена од страна на поголемите, како и од други грабливци, што го скратува нејзиниот просечен животен век. ПодвидовиПердувестата кукумјавка има 7 подвида:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia