Перихел![]() Перихел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најблиску до својот орбитален фокус. Според Првиот Кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објектот околу кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплесканоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг. Потекло на поимотПоимот „перихел“ потекнува од старогрчките зборови περί (пери), со значење „блиску“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“. Основни формулиПолупречникот на перихелот се пресметува со помош на формулата:
каде:
Брзината во перихелот се пресметува со формулата:
каде:
Сончев СистемЗемјаПерихелот на Земјата се случува на растојание од 147.098.291 км од Сонцето, што е на околу 2,5 милиони км помалку од средното растојание до Сонцето. Земјата се наоѓа во перихел на 2-3 јануари, во просек 13 дена по краткодневицата.[2] Други планетиПерихелот и останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:[3]
Прецесија на перихелотПараметрите на орбитите на планетите во Сончевиот Систем со тек на време претрпуваат бавни измени како последица на заемодејството на планетите. Впрочем, оската на орбитата постепено се ниша (во орбиталната рамнина) на страната на орбиталното движење и со тоа се поместува и перихелот. Ваквата појава се нарекува „прецесија на перихелот“ (видете на анимицијата десно). Перихелот на Меркур се враќа во почетната состојба на секои 260 илјади земјени години, додека истиот период за Јупитер изнесува околу 300 илјади години.[4] Во средината на 19 век, астрономите откриле дека укажаното поместување на перихелот на Меркур се случува нешто побрзо отколку што е предвидено со Њутновиот закон за гравитацијата. Подоцна, слична аномалија била откриена и во движењето на други небесни тела. Причината за оваа аномалија се објаснува со општата теорија за релативноста, при што од равенството за релативноста произлегува поместувањето коешто фактички се набљудува. Дополнително поместување, т.е. „релативна поправка“, била пресметана и утврдена и за други планети и астероиди.[5] ПоврзаноБелешки
Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia