Перко ПетковскиПерко Томев Петковски ( 1925 во Ракотинци — 23 април 1945 во Липљан) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПотекнувал од слабоимотно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, по што се занимавал со земјоделство. Во текот на окупацијата активно ги помагал материјално партизанските единици. На 15 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а подоцна се префрлил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во бројни акции за ликвидирање на одметнатите балистички банди на Косово. Потоа се префрлил во близина на Белград, каде со успех ја завршил воената обука. Одлично се оспособил во ракувањето со новоприменото оружје. Потем учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт и во ослободувањето на Војводина и Хрватска. Загинал на 23 април 1945 година во една битка кај Липљан. Бил закопан на борбената позиција.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia