Перну
Перну (шпански: Pärnu, руски: Пярну или Пернов, германски: Pernau) – град во југозападниот дел на Естонија, петти по големина. Градот е и најголем град и административно средиште на истоимениот округ Перну. Името на градот потекнува од естонскиот збор за липа. Природни условиПерну се наоѓа во југозападниот дел на Естонија, оддалечен 130 км јужно од главниот град Талин. ИсторијаГрадот Перну првпат се споменува во 1251 година во текот на германската управа над ова подрачје. Во следните векови градот прво се наоѓа во рацете на Ханза, а потоа на Шведска и Русија. Во 1919 година Перну станал дел на независната Естонија, а во 1940 година бил приклучен кон СССР во рамките на Естонската Советска Република. Кога Естонија се осамостоила во 1991 година, градот повторно се нашол во нејзините граници. НаселениеПерну денес има околу 44.000 жители, што е значително помалку отколку пред две децении (1989 година – 54.000 жители). Околу 75% од градското население се етнички Естонци, значително малцинство се Русите (15%), а останатите се други народи од бившата СССР (Украинци, Белоруси). Естонскиот јазик преовладува во градот и е мајчин јазик на поголемиот дел од градското население. СтопанствоГлавна стопанска гранка на градот е туризмот. Благодарение на бањските извори, Перну е најзначајното излетничко место во Естонија. Во градот постојат бројни хотели, ресторани, кафулиња и одморалишта Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia