Ришки Залив
Ришки Залив или Ливонски Залив (латвиски: Rīgas jūras līcis, естонски: Liivi laht, руски: Рижский залив) — голем залив во Балтичкото Море помеѓу Латвија и Естонија. Зафаќа површина од 18.000 км2, а најголемата длабочина изнесува 67 м. Заливот е делумно одделен од морето со островот Сарема (Естонија). Главен излез од него е Ирбенскиот Проток. Во состав на Естонија влегува е островот Рухну, кој се наоѓа во средината на заливот. Во склоп на заливот т.н. Вјајнанско Море и Монзундскиот (Западноестонски) Архилепаг. Позначајни градови во заливот се Рига, Перну, Јурмала и Куресаре, а позначајни реки што се влеваат во него се Даугава, Перну, Лиелупе, Гауја и Салаца. ГранициСпоред Меѓународната хидрографска организација, западната граница на заливот е „линија од Лисерскиот ’Рт (57°34' СГШ) во Латвија до јужниот крај на островот Есел [Сарема], преку овој остров до Паманскиот ’Рт (22°34' ИГД), па оттаму до ’ртот Енмаст, јужниот крај на Даге [Хиума], преку Даге до ’ртот Тахкуна, неговиот северен крај, и кон ’ртот Спитхамн [Песаспеја] во Естонија“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia