Перуштица
Пѐруштица (бугарски: Перущица) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Перуштица во Пловдивската Област. Има население од околу 5.018 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа во преодна област каде што полето Пазарџичко-Пловдивското Поле ги допира северните падини на Родопите. Со тоа целосно се определува неговиот релјеф — ридски со премин кон падините на планината. Перуштица се наоѓа на 22 километри југозападно од регионалниот център Пловдив и 140 км од главниот град Софија. ИсторијаГрадот е познат низ цела Бугарија по борбата што се случила таму во 1876 година за време на Априлското востание против османлиското владеење. За време на задушувањето на востанието од турските башибозуци, мнозинството жители биле заклани. Францускиот новинар Иван де Воестин, кој го посетил градот во јули 1876 година, известил за весникот Le Figaro дека од околу 2000 население останале само 150 старци и деца.[2]Лејди Странгфорд пристигнала од Британија подоцна истата година во Бугарија со цел олеснување за народот по масакрите. Таа изградила болница во Батак, а подоцна и други болници, вклучително и во Перушица. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia