Петар Миљковиќ - Пепек
Петар Миљковиќ - Пепек (Скопје, 30 јуни 1929 — Скопје, Македонија, 13 мај 2003) — македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, професор[1]. ЖивотописГо посвети својот живот на истражувањето на македонското средновековно културно наследство и неговиот придонес во изградбата на византиската културна ризница. Истражувањата и анализите на архитектонското творештво, фрескодекорацијата на сакралните споменици и иконописната продукција, и грижата за националниот уметнички трезор, ce влог на неговата професионална кариера во Археолошкиот музеј (1953-1963), Републичкиот заводза заштита на спомениците на културата (1963-1975) и Филозофскиот факултет (1975-1990). Учествувал на единаесет византолошки конгреси во периодот од 1955 до 2001 година, придонел во работата на безбројни научни собири во земјата и во странство и објавил над 220 труда во најреномираните меѓународни списанија за средновековна уметност, преку кои ги претставувил основните контури на неговиот професионален портрет, како експерт за културно наследство и научник од висок меѓународен ранг. Петар Миљковиќ - Пепек, постојано ce наоѓал во фокусот на научните интересирања и израснал со своите научни дела во антологиски примери на историјата на [[византиската цивилизација. Конзерваторскиот третман, реставраторските зафати и грижата за зачувувањето и заштитата на македонската уметничка ризница, биле негова благородна и драгоцена обврска во текот на целиот негов живот. Творештво
Од друга страна, работел врз монографската интерпретација на одделни споменици и нивното место во средновековната културна историја, што резултирало со продукција на извонредни изданија, во кои: ja осветлил сложената ликовна концепција на фрескоансамблот на:
Во својот творечки опус, Петар Миљковиќ - Пепек разрешил многу различни и комплексни проблеми на средновековната уметничка продукција, збогатувајќи ja стручната библиографија на византолошката наукасо драгоцени податоци, согледувања, теории и идеи, истовремено поставувајќи и отворајќи многу нови прашања и претпоставки за идните генерации научници. Петар Миљковиќ - Пепек бил благородна личност, искрен соговорник, коректен соработник, голем учител. Знаел да пофали и поттикне, умеел да раскажува интересни и возбудливи приказни за своите теренски истражувања и духовито ce осврнувл на дамнешните и сегашните препреки и незгоди. Кон крајот на својот живот бил преокупиран со Нерези, со симболиката на длабокото синило на Нерешките фрески што ja впило сакралната тага на Страсниот циклус,како и ликовите насликани во Варошкиот „Свети Димитрија “, на иконописната збирка од Марковиот манастир, со величината на македонскиот културен трезор, за идните истражувања. Своите студенти ги научил да ги почитуваат и негуваат културните придобивки од минатото и да ги вградат во сопствената културна матрица на современи македонски интелектуалци. Претставителните димензии на македонското културно наследство, во кое ce вбројуваат раскошните архитектонски концепти на сакралните градби, неповторливите фрескоансамбли обележани со вонземска убавина и спектакуларната колекција на средновековни икони, ce плод на долговековните напори на избраните творци да остават трајна и благородна трага во секогаш променливиот свет на историјата. Откривајќи ги нивните дела, подарени на величествената културна ризница на човештвото, укажувал на непроценливото уметничко наследство и милениумски долгите културни традиции, големиот влог што Македонија може да и го понуди на светската историја. Неговото научно дело, благородната посветеност на грижата за културните споменици и заштитата на историско-уметничкиот хабитус на нашето подрачје, надалеку ги надминаа тесните локални и државни рамки и го ситуираа македонското културно наследство во творечкиот космос на светското семејство на народите[2] НаградиВо многубројните награди и признанија се издвојуваат меѓудругите и:
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia