Петар Николиќ
![]() Петар Николиќ (роден на 25 септември 1993 во Врање) — српски кошаркар кој настапува за Еуро Никел 2005. Тој поседува и македонско државјанство.[1] Клупска кариераМладинска кариера![]() Првите кошаркарски знаење ги научил во клубот Економац и Пантери од Врање. Играл и за младинските категории на КК Југ од родниот град. Југ го испратил Николиќ на позајмица во БСК Јуниор од Бујановац. Потоа Николиќ побарал исписница и се префрлил во КК Морава од Владичин Хан.[1][2] Професионална кариераНа свои петнаесет години, Николиќ дебитирал за сениорскиот состав на Морава кој се натпреварувал во Првата српска лига (втора по ранг) и станал редовен член на сениорската екипа.[1][2] На полусезоната од сезоната 2011/12, Петар Николиќ се префрлил во Бујановац, исто така клуб од Првата српска лига.[3][4] По завршувањето на сезоната 2011/12, Николиќ бил на проба во Работнички.[5] Во сезоната 2012/13 заиграл за второлигашот Водњански Лисици.[6] Следната сезона продолжил во Водњански Лисици и го освоиле второто место кое водело во Првата лига.[7] Во сезоната 2014/15 Николиќ останал во Водњански Лисици, со кој не успеал да опстане во Првата лига.[8] Следната сезона потпишал за Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017.[9] Во Работнички, Николиќ продолжил да настапува и во сезоната 2017/18.[10] Во таа сезона, Николиќ со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николиќ се преселил во редовите на Блокотехна.[11] Со Блокотехна, Николиќ ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Николиќ со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во август 2019 година, Николиќ ги сменил клупските бои и заиграл за Еуро Никел 2005.[12] Сезоната 2020/21 ја започнал во Работнички, но во март се преселил во Пелистер.[13] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia