КК Блокотехна
КК Блокотехна НБ - кошаркарски клуб од Гевгелија, Македонија. Клубот натпреварите на домашен терен ги играл во спортската сала НБ Ноел во близина на Гевгелија. ИсторијаКлубот бил основан во декември 2016 година.[1] Клубот ги пратил своите играчи на позајмица во второлигашот Радовиш за доигрување на вториот дел од сезоната 2016/17.[2][3] Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига, по пат на договор му го отстапил своето место на Блокотехна.[4][5] Блокотехна, во својата втора сезона од нејзиното постоење, ја освоила Балканската лига 2018/19. Во истата сезона клубот како домаќин беше финалист во купот на Македонија. Во јуни 2019 година, гевгелиските клубови Блокотехна и Кожув најавија кадарно и финансиски да се соединат.[6][7] Меѓутоа, клубот беше ликвидиран истата година.[8][9] Во април 2020 година, на Велигден, неговата управа најавила обновување на клубот и враќање на кошаркарската сцена.[10][11] Последен состав (2018/19)Тренер: Марјан Илиевски.
Извор: Македонска Кошаркарска Федерација Архивирано на 6 април 2019 г. eurobasket.com УспесиПоврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia