Петар Христов
Петар Стоев Христов (2 јули 1936 во Јаново ― 26 ноември 2020 во Горна Џумаја) ― активист, борец за човекови права во Пиринскиот дел на Македонија и поет.[1] ЖивотописПетар Христов живеел и израснал во семејство со македонско етничко чувство, наследено од неговиот дедо Стојан Христов, кој учествувал во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата во борбата за ослободување на Македонија од османлиското ропство и обновување на независна македонска држава.[1] Неговиот чичко - Иван Христов, заедно со македонските партизани од егејскиот дел на Македонија, учествуваа во протерувањето на бугарските окупаторски трупи од Македонија. Петар Христов од својата рана возраст веќе бил свесен која е неговата татковина и кој е неговиот национален идентитет. Следејќи го примерот на неговите браќа Александар и Георги, воодушевен од музата на поезијата, започна да пишува песни, од кои некои биле објавени во весникот „Народна волја“. Ја објавил стихозбирката „Почти на ручей ромон“ во 2003 година во Благоевград.[1] Одлика на неговата поезијаНеговите поетски дела ја отсликуваат неговата постојана жед за љубезност и хуманост, како и неговата голема љубов кон Македонија, за што посветил неколку песни. Петар важел за исклучително скромен човек со поетска душа и бунтовен дух за правда и правичност.[1] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia