Петреќија Стефаноски

Петреќија Стефаноски
Роден 1923 година
Иванчишта, Кралство СХС
Починал 1 октомври 1943 година
Буковиќ, слободна територија на НОВ
Народност Македонец

Петреќија Постолов Стефаноски ( 1923 во Иванчишта1 октомври 1943 во Буковиќ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од земјоделско семејство. Како младинец имал чести контакти со позадински работници, а посебно со Мирко Милески од Попоец. Бил член на воспитната група во селото и летото 1943 година заминал партизан во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Во почетокот вршел курирска работа. Во септември 1943 година, од слободно Кичево доброволно заминал со Мирко Милески да ја брани слободната територија на Буковиќ каде загинал во нерамна борба со многубројниот фашистички непријател и балистите, на 1 октомври 1943 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 124.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya