Петре Христовски
Петре Б. Христовски ( 1924 во Булачани — 16 април 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПроизлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Есента 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав водел крвави борби против балистичките банди во Скопска Црна Гора и против Германците во борбите за ослободување на Скопје. Борбата против балистите ја продолжил на Косово, до конечното нивно уништување. Потоа учествувал и во завршните операции за ослободување на Југославија. По пробивот на Сремскиот фронт, ја продолжил борбата против непријателот. На 16 април 1945 година храбро загинал, во големата борба за ослободување на Врпоље.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia