Пехчевски земјотрес

Пехчевскиземјотрес
Датум 4 април 1904
Магнитуда X
Зафатени земји/подрачја
Жртви 150 загинати и повредени

Пехчевски земјотрес — разорен земјотрес што се случил на 4 април 1904 година, во 12 часот и 25 минути, во подрачјето помеѓу Пехчево и Кресна, со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата магнитудна скала и интензитет од Х степени според EMSC-98. Ова е најсилниот земјотрес што се случил на копнениот дел на Балканскиот Полуостров. Најголемиот дел од населените места околу епицентарот биле целосно разурнати, куќите биле непогодни за живеење, поради што жителите живееле во шатори и колиби. Големи материјални штети имало и во пошироката околина.[1]

Бројот на загинати и повредени достигнал околу 150 лица. Овој земјотрес се одликувал со разни сеизмодеформации, и тоа сеизмотектонски (воочливи раседи на површината на Земјата), сеизмогравитациони (одрони и др.) и сеизмодинамички (појава на пукнатини на хоризонтални терени). Како позначајни може да се издвојат големите пукнатини што ги предизвикал како во Пехчево така и во многу други места каде што земјотресот бил почувствуван. Станува збор за широки и длабоки пукнатини, особено оние близу до епицентарот, чиј крај не можел да се види, луѓе се спуштале, но не стасувале до дното, а одекнувањето од фрлен камен се слушало многу долго. Покрај пукнатините, земјотресот предизвикал и појава на ликвифакција (појава при која почвата под дејство на динамичкото влијание на земјотресот ги губи своите механички својства и добива особини на вискозна средина) и избивање на топла и ладна вода на повеќе места, некаде таа избивала од површината нагоре до 100 м, некаде предизвикала поплави, но по одредено време исчезнала.[1]

На главниот земјотрес му претходеле три умерено силни до силни земјотреси со магнитуди од 5,1 до 7,3 степени, а во последователната активност, која траела речиси две години, биле забележани уште 5 земјотреси, 3 во 1904 година и 2 во 1905 година со магнитуди од 5,4 до 6,5 степени според Рихтеровата скала.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 „Одбележување 120 години од земјотресот во Пехчево-Кресна – најсилниот на копнениот дел на Балканскиот Полуостров“. fakulteti.mk. 04.04.2004. Посетено на 31 мај 2025. line feed character во |title= во положба 13 (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya