ПејоративПејоратив[1][2] — збор или граматички облик што изразува негативна или непочитувана конотација, ниско мислење или недостаток на почит кон некого или нешто.[3] Исто така се користи за изразување критика, непријателство или игнорирање. Понекогаш, поимот се смета за пејоративен во некои општествени или етнички групи, но не и во други, или може да биде првично пејоративен, но подоцна прифаќа непејоративна смисла (или обратно) во некои или сите контексти. ЕтимологијаЗборот пејоратив потекнува од минатиот партицип во доцниот латински peiorare, што значи „да се влоши“, од peior „полошо“.[4] Семантичка променаПонекогаш некој збор или поим првично може да се користи како пејоративен збор, а потоа да добие непејоративно значење и обратно. Во историската лингвистика, оваа појава е позната како пејорација и мелиорација, или семантичка промена. Образување пејоративи во македонскиот јазикВо македонскиот јазик, пејоративите најчесто се образуваат со наставките: – е, -ле, – ло, – ко.[5] На пример:
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia