Пионерско вовчеПионерското вовче го добило името по кондуктерите кои биле пионери, деца на железничарите од блиската железничка колонија. Пионерите со железничка капа и пионерска марама биле одговорни за сигнализацијата за тргнување и застанување на возот. Неговата траса била од почетната станицата „Стив Наумов“, во Градскиот парк во Скопје крај езерцето (денешната кафеана „Езерце“) низ густатата шума во тоа време на паркот, па по течението на Вардар и неговите плажи, преку железничкиот мост на Вардар до Ѓорче Петров и понатаму до излетничкото место Сарај и крајната станица „Борка Талевски“ во село Глумово покрај излетничкото место Матка на реката Треска. ИсторијаНа 8 мај 1948 година се демонтира линијата со тесен колосек (600 mm) Скопје – Ѓорче Петров, а потоа и кон Гостивар. Шините, праговите, локомотивите и вагоните се префрлаат за ново трасирање на потегот од Градскиот парк во Скопје до Глумово покрај излетничкото место Матка. На 21 јули 1948 година, градено во само два месеца, свечано е пуштено во сообраќај Пионерското вовче, од почетната станица во Градскиот парк денеска наречено Езерце. ПоврзаноНадворешни врски
Примери за зачувана традиција и туристичка атракција
|
Portal di Ensiklopedia Dunia