Пирански Залив
![]() Пирански Залив (словенечки: Piranski zaliv, Савудриска Вала (хрватски: Savudrijska vala) или Драгоњски Залив (Dragonjski zaljev)[1] — залив во северниот дел на Јадранското Море, на најјужниот крај на поголемиот Трстјански Залив. Наречен по градот Пиран во Словенија. ПрегледТериторијално, заливот го делат Хрватска и Словенија. Се протега од Савудрискиот ’Рт на југ до ’ртот Медона на север и зафаќа околу 19 км2. Во 1990-тите, заливот во Хрватска се нарекува Савудриска Вала (Savudrijska vala). На источната, словенечка страна се сместени населените места Пиран, Порторож и Луција. Од јужната, хрватска страна се неоѓаат камповите Црвени Врх и Канегра, изградени во 1980-тите. Најважна река што се влева во Пиранскиот Залив е Драгоња, чие устие лежи точно на границата. Долж устието се на сместени Сечовленските солани (Sečoveljske soline), на површина од 650 ха. Подрачјето на заливот е предмет на подолготраен територијален спор помеѓу Хрватска и Словенија. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia