Трстјански Залив
Трстјански Залив (италијански: Golfo di Trieste, словенечки: Tržaški zaliv, хрватски: Tršćanski zaljev, германски: Golf von Triest) — мошне плиток залив во Јадранското Море и дел од поголемиот Венецијански Залив на територијата на Италија, Словенија и Хрватска. Од јужната страна се граничи со полуостровот Истра, поделен помеѓу Хрватска и Словенија. Во заливот е сместено целото словенско приморје. ПрегледЗаливот е ограничен со замислена линија imaginary од ’ртот Талјаменто на италијанска до местото Савудрија од хрватска страна. Зафаќа површина од околу 550 км2, со просечна длабочина од 18,7 м, а максимална од 37 м. Нема острови, со исклучок на малите рамни островчиња што ја штитат Градишката Лагуна. На источниот брег се наоѓаат Трст и областа Приморска, чие подрачје се одликува со понерамен терен. Морската стрија се движи лева насока, при просечна брзна од 0,8 јазли. Плимата и осеката во заливот се меѓу најголемите на Јадранот, но сепак обично не надминуваат 60 см. Просечната соленоста на водата изнесува 37-38‰, но лете паѓа и под 35‰. Помали заливи во Трстјанскиот Залив се Панцанскиот, Милјскиот (Муџански), Коперскиот и Пиранскиот. Во заливот е сместено сето словенечко приморје, чија должина изнесува 46,6 км.[1] Крајбрежни градови (од исток кон запад) на словенечкото приморје се Копер, Изола и Пиран. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia