Стетина е роден во Булдер, Колорадо, а моментално живее во Калифорнија.[3] Татко му на Стетина Дејл и вујко му Вејн се поранешни друмски велосипедисти.[4] По осум години поминати со екипата Гармин-Шарп[5] Стетина потпиша со Ванти-Груп Гобер за сезоните 2014 и 2015.[6][7]
Во април 2015 година, на Трката околу Баскија, Стетина го скршил коленото и четири ребра на првата етапа. Пред завршницата удрил во метална шипка од страна на патот. Неговата екипа ги обвинила организаторите за ниските заштитни мерки.[8] Во август 2015 година било објавено дека Стетина ќе се приклучи на поранешниот колега од Гармин, Рајдер Хесједал во Трек Фактори Рејсинг на едногодишен договор за 2016 година, со улога за поддршка на Хесједал и Бауке Молема како помошник со можност за предводник на екипата на американските трки.[9]
Достигнувања
2005
1. Национално јуниорско друмско првенство
2008
Национални друмски првенства под 23 години
1. Хронометар
2. Друмска трка
6. Светски хронометарски првенства UCI под 23 години