Покрај генералниот, Роглич го освоил и бодовниот пласман. Жофри Бушар од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил планинскиот пласман, додека Погачар го освоил пласманот за млад возач. Мигел Анхел Лопес од Астана бил прогласен за најборбен возач на трката, додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман.
Изданието на Вуелта а Еспања во 2019 година било составено од 22 екипи.[4] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Покрај нив, четири професионални континентални екипи добиле специјални покани.
Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2019, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Бонусите биле доделувани на крајот на секоја етапа, освен на хронометарски етапи (1 и 10). Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[8]
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[8]
Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.[8]
Четвртиот поединечен пласман бил пласман за млад возач, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа за секој возач роден на или по 1 јануари 1994 година. Возачот со најмало вкупно време бил предводник на пласманот и ја носел белата маичка.[8]
За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[8]
Дополнително постоела и една поединечна награда: наградата за борбеност. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот.[8]
На втората етапа, Дарио Каталдо и Јакоб Фуглсанг, кои биле на второто место во генералниот пласман, ја носеле зелената маичка и сината точкеста маичка соодветно, иако не биле доделени бодови на воведниот екипен хронометар за овие пласман.
На втората етапа, Џејмс Нокс, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Мигел Анхел Лопес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 6 и 8, Тадеј Погачар ја носел белата маичка од истата причина.
На десеттата етапа, Примож Роглич, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Наиро Кинтана ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
На етапите 11, 12 и 13, Наиро Кинтана, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапата 19, Тадеј Погачар ја носел зелената маичка од истата причина.
На етапите 14 и 15, Наиро Кинтана, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
На етапите 16 и 17, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак.
На осумнаесеттата етапа, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
На етапата 19, Тадеј Погачар, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
На етапата 20, Тадеј Погачар, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак.
На последната етапа 21, Наиро Кинтана, кој бил петти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак, а четвртопласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес.