Планинска ѕвингалка
Планинската ѕвингалка (науч. Fringilla montifringilla) е мала врапчевидна птица од семејството на ѕвингалките (Fringillidae). Оваа птица е широко распространета низ шумите на северна Европа и Азија. Таа е птица преселница која зимува во јужна Европа, северна Африка, северна Индија, северен Пакистан, Кина и Јапонија.[1] Редовно заскитува во Алјаска, а може да продолжи и кон југ, во западен САД. Опис![]() Планинската ѕвингалка е слична по големина и облик на обичната ѕвингалка. Мажјаците во сезоната на парење се многу впечатливи, со црна глава, темни горни делови, портокалови гради и бел стомак. Женките и младенчињата не се толку впечатливи и се послични со обичната ѕвингалка. Мажјакот планинска се разликува од обичната ѕвингалка по: белиот задник, кој кај обичната е сивозелен; градите кои кај планинската се портокалови во контраст со белиот стомак, а кај обичната тој дел е еднобојно розово или портокаловокремаво; слабините кај планинската се темни, а кај обичната бледи и кај планинската недостасува белото на горниот дел од опашката. Освен овие разлики кои се однесуваат на мажјаците во сезна на парење, овие птици целосно се разликуваат само по бојата на клунот кој е жолт кај планинската, а бледорозов кај обичната ѕвингалка.[2] ПоведениеЖивеалиштето на планинската ѕвингалка се отворените иглолисни или брезови шуми. ![]() Оваа птица е речиси целосно преселница. Во Европа формира големи јата зиме, понекогаш со иладници, па дури и милиони птици во едно јато. Ваквите огромни јата особено се среќаваат на големи букови дрвја богати со храна. Зимно време, јатото ќе се движи сè додека не го пронајде, и овој начин на преселба можеби е адаптација и избегнување на конкуренцијата од обичната ѕвингалка.[3] Овие птици се хранат претежно со семиња, но младенчињата ги хранат со инсекти. Гнездата ги градат на чаталите на дрвјата, а надворешноста ја декорираат со мов и лишаи за да го маскираат. Несат 4-9 јајца. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia