Планински був
![]() Планинскиот був или ушестата улајка (науч. Asio otus), (порано: Strix otus) е вид утка која се размножува во Европа, (вклучувајќи ја и Македонија), Азија и Северна Америка. Овој вид е дел од поголемата група позната како „типични утки“, од семејството Strigidae, во која се сместени повеќето од утките. Другата група се „шталските утки“, семејството Tytonidae, како на пример, белата кукумјавка која се среќава во Македонија. ОписПланинскиот був е средно голема утка, со должина од 31 до 40 см, со распон на крилјата 86-100 см и тежина од 178 до 435 грама.[2][3] Има темни кренати китчести ушни школки, кои се наоѓаат во центарот на главата. Ги користи за да им изгледа поголем на другите утки кога се перчи. Женките се поголеми и потемни од мажјаците. Кафеавкастите пердуви му се вертикално прошарани. И нозете и прстите му се со пердуви. Очните дупки и на оваа утка се карактеристични, тие се темни или циглапортокалови. Оваа ноќна птица можеби најлесно може да се види како се перчи на некое дрво преку ден, понекогаш и во помали групи во текот на зимските месеци. Разлики со блатниот бувРечиси низ целата своја распространетост, планинскиот був се преклопува во опсегот со сличниот на него блатен був. Покрај другото, најлесно за разликување на овие два вида се ушите на планинскиот був кои се испрчени, но понекогаш тој може да ги држи собрани, право на главата. Има разлики и во боите на очите, жолти му се на блатниот, а портокалови на планинскиот, а црното околу очите е вертикално кај планинскиот, а хоризонтално кај блатниот. Општо земено, блатниот був е малку посветол, попесочен од планинскиот. Има и голем број други работи по кои се разликуваат овие две птици, но се гледаат кога тие летаат:
ПоведениеСезоната на парење на планинскиот був е од февруари до јули. Оваа птица е делумно преселница, односно на југ се селат само оние кои живеат понасевер. Нејзиното живеалиште се шумите во близина на отворените простори. Гнездото е на дрво, и често користи веќе употребено гнездо од други видови, како врани, гаврани, страчки и разни јастреби. Леглото обично содржи 4-6 јајца, а инкубацијата трае од 25 до 30 дена. Користи и вештачки кошници како гнездо. Необична одлика на овој вид се заедничките седала во грмушките во текот на зимските месеци. Оваа птица лови на отворено преку ноќ. Таа има многу долги крилја и лебди полека со вкочанети крилја кога лови. Се храни претежно со глодачи, мали цицачи и птици. Во Европа се соочува со конкуренција од страна на планинската улулајка и е најбрoјна каде нејзе ја нема. Подвидови
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia