Планински масив![]() Планински масив или само масив[1] — место на Земјината кора со истакнати раседи или набори. При поместувањето на Земјината кора, масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група планини составени со ваква образба. Во планинарството и алпинизмот, под „масив“ се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од тектонската плоча и во геоморфологијата се смета за четврта движечка сила по големина.[2] Зборот потекнува од францускиот поим massif, каде означува голема маса од планини или збиена група од поврзани планини што сочинуваат независен дел од венецот. Еден од најзабележителните примери во Европа е Централниот Масив во регионот Оверњ, Франција. Пример за вонземски масив е т.н. „Лице на Марс“ во регионот Кидонија.[3] (40°44′N 9°28′W / 40.74°N 9.46°W) Масивите се образуваат и под вода, во самото море. Таков пример е подводниот вулкан Таму во северозападниот Тихи Океан — најголем вулкан на Земјата.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia