Централен Масив
Централен Масив (француски: Massif central, окситански: Massís Central / Massís Centrau) — високо подрачје во средишниот дел на јужна Франција, покриено со планини и висорамнини што образуваат масив. Зафаќа 15% од површината на државата. Највисока планина во масивот е Пиј де Санси (1.886 м).[1] Планините се вулкански но активноста згаснала пред 10.000 години. Одделени се од Алпите со длабок засек во правец север-југ создаден со текот на реката Рона, наречен „ронска бразда“ (sillon rhodanien). Подрачјето претставувало препрека во тој дел на земјата, оневозможувајќи го сообраќајот од север на југ и обратно сè до изградбата на автопатот A75 на крајот на 2010 г. Административни единициМасивот се протега низ следниве департмани: Аверон, Алје, Ардеш, Кантал, Гар, Горна Вјена, Горна Лоара, Еро, Корез, Крез, Лоара, Лозер, Лот, Од, Пиј де Дом, Рона и Тарн. Во подрачјето на планините целосно се опфатени региони Оверњ и Лимузен, а делумно навлегуваат во Лангдок-Русијон, Југ-Пиринеи и Рона-Алпи. Најголеми градови се Клермон Феран и Сент Етјен. На северната страна на масивот, западно од долината на Рона, карпите се вулкански, додека пак во јужниот дел се варовнички, гранитни и шкрилни. Наводи
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia