Планински орел
Планинскиот орел (науч. Aquila fasciata) е голема граблива птица. Припаѓа на семејството јастреби. Ја има во северна Европа, Африка на север и на југ од Сахара и преку Индија до Индонезија. Планинскиот орел го има и во Македонија. Опис![]() ![]() ![]() Планинскиот орел е мал до средноголем орел, долг од 55 до 65 см, со тежина од 3 до 6 килограми. Во горниот дел се темнокафеави, а во долниот дел се бели со темни линии. Крилјата им се релативно кратки и заоблени. Долгата опашка им е сива одозгора, а бела одоздола, со црни завршетоци. Нозете и очите им се жолти. Младите птици имаат меки пердуви, изразени линии на опашката без црните завршетоци. ЖивеалиштеПланинскиот орел не е како другите орли, тој живее во шума, на планина бидејќи сака повеќе простор. Создаваат гнезда во Јужна Европа, Африка без Сахара и Азија до Индонезија. Се населува во поретко откриени области во шумите и ридските предели. Африканските популации претпочитаат савани, обработливо земјиште и грмушки, под услов да има големи дрвја. ИсхранаПланинскиот орел се храни со широк спектар на жив плен. Обично лови прикриен во дрвото, со ненадеен залет. Неговиот плен се поголеми цицачи, како зајaци, или птици. РазмножувањеОвој орел е обично многу тивок, освен кога се додворува или во близина на гнездото. Се огласува со клу-клу-клу-клее кој е помалку продорен кога е оддалечен од блиските. Моногамни птици се, и имаат неколку гнезда на својата територија, а едно од нив го поправаат и користат во тековната година. Одгледуваат едно легло годишно, а снесуваат 1-3 бели јајца со должина од 75 мм. Лежењето трае 37-40 дена, а малечките го напуштаат гнездото на околу 60-65-дневна возраст. ![]() Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia