Плоча (вулканска купа)
Плоча — вулканска купа во клисурата на Маденска Река, десна притока на Крива Лакавица, на околу 12 километри западно од Радовиш. Купата е во склоп на Дамјанско-бучимската палеовулканска област, која зафаќа површина од 26 км2. Се наоѓа на 1 километар јужно од Пилав Тепе и има облик на нек.[1] Во близина на овој рид се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште, каде е откриено градиште од средниот век. ОсобеностиИстакнатоста ѝ е околу 150-200 м, а надморската височина изнесува 658 метри[1] По состав е иста како Пилав Тепе, односно од компактни андезитски лави. Речиси од сите страни околу Плоча се наоѓаат напласти од пирокластичен материјал во облик на бречи и туфови, посебно на југоисточната страна кон селото Дамјан. Двете купи се пресечени со долината — клисурата на Маденска Река, поради што нивната истакнатост и релативна височина во квартерниот период е зголемена. Поради селективната ерозија, на Плоча има речиси вертикални карпести отсеци, кои во поново време се користат за алпинизам. Врвот на Плоча е мошне зарамнет, поради што го добила името.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia