Поату-Шаранта
Поату-Шаранта (француски изговор: [pwatu ʃaʁɑ̃t] ( Историја![]() Поату е историски регион во централнозападна Франција. Главен град е Поатје, воедно и поранешна престолнина на провинцијата. Регионот најпрво бил населен со Пиктони, галско племе, а потоа бил освоен од страна на Римјаните во 56 п.н.е. кои областа ја припоиле кон Галија како дел од провинцијата Аквитанија. Визиготите го освоиле регионот во 418 а под власта на Франките потпаднал во 507. Во 732- 733, Карло Мартел ја сопрел муслиманската инвазија на Западн Европа со победата во Битката кај Поатје. Од 10 до средината на 12 век, грофовите на Поату биле воедно и војводи на Аквитанија, а градот Поатје станал значаен центар. Во 1152, Поату потпаднал под англиска контрола преку бракот на Елеонора Аквитанска со Хенри II (подоцна крал на Англија). Регионот се обединил со француската Круна во 1416 и постоел како провинција на Франција сè до Француската револуција (1789–95), кога бил поделен на три департмана, Вјена, Де Севр, и Венде. Демографија![]() Се верува дека од овој регион потекнуваат најмногу Акадијци и Кажуни од населението во Северна Америка (во местата Њу Бранзвик, Луизијана, Нова Шкотска, Островите Принц Едвард, Гасп (полуостров) полуостровот Гасп во Квебек, Мејн и Њуфаундленд .[2] Нивните предци имигрирале од овој регион во Америка во текот на XVII и XVIII век. Отпрвин, овие француски имигранти од Поату се населиле во источна Канада, и воспоставиле земјоделско и приморско стопанство (сточарство и риболов). Ова подрачје на "Новиот Свет" Французите го нарекувале Аркадија според митот за изгубениот континент Аркадија. Потоа, после депортацијата во 1755 на Аркадијците од страна на Англичаните, истиот бил наречен Нова Шкотска (Nova Scotia). Денес во Франција населението што живее во овој регион се нарекува Пикто-Шаранти (Picto-Charentais). Политика и администрацијаРегионалниот совет е составен од 56 члена. Со регионот раководи Сеголен Ројал припадничка на Социјалистичката партија на Франција и кандидат за претседател на претседателските избори во 2007. ЈазикТри регионални јазици, поатевински, сентожески јазик и лимузенски дијалект се зборуваат од помала група во регионот. Главно се користи официјалниот француски јазик. КлимаКлимата во Поату-Шаранта е океанска [3]. Врнежите во текот на годината варираат меѓу 650 мм и 900 мм, повеќе застапени на североисток на регионот (северно во департманот Вјена) помалку на југозапад (брегот кај Приморска шаранта). Зимите се благи а летата топли. Забележани се, особено на брегот 2000 часови сончеви денови годишно. Снеговите и мразот се повремени и не траат долго. Луѓе од Поату-Шаранта
Поголеми градовиНаводи
Надворешни врски
46°05′N 0°10′E / 46.083°N 0.167°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia