Повелба на Обединетите Нации
Повелбата на Обединетите Нации е основачкиот договор за формирање на Обединетите Нации. Таа беше потпишана во зградата на Воениот Меморијален Центар и Центарот за Сценска Уметност, во Сан Франциско, САД, на 26 јуни 1945 година, од 50 од вкупно 51 првични земји членки (Полска која немаше претставник на конференцијата потпиша подоцна). На 24 октомври, Повелбата стапи на сила откако беше ратификувана од пет постојани земји членки на Советот за безбедност – Република Кина (подоцна заменета со Народна Република Кина), Франција, СССР (подоцна заменет со Руската Федерација), Обединетото Кралство и САД – како и од повеќето други потписници. Денес, во Обединетите Нации членуваат 193 земји. Повелбата претставува основачки договор и сите земји членки се обврзани од нејзините членови. Дополнително, Повелбата наведува дека обврските кон ОН ги надминуваат сите други обврски произлезени од договори. Повеќето земји во светот ја имаат ратификувано Повелбата. Забележителен исклучок е Ватикан, кој избра улога на постојан набљудувач и затоа не се смета како целосен потписник на Повелбата. Краток прегледПовелбата се состои од преамбула и од серија на членови кои се групирани во поглавја. Преамбулата се состои од два суштински делови. Првиот дел содржи генерален повик за одржување на мирот и меѓународната безбедност и почитување на човековите права. Вториот дел на преамбулата е декларација во договорен стил во која се наведува дека владите на народите во Обединетите Нации се согласуваат со Повелбата.
Следните поглавја се однесуваат на поддршка на телата на ОН:
Одредби на ПовелбатаПреамбулаПреамбулата на договорот гласи:
Иако преамбулата е вграден дел од Повелбата, таа не ги поставува правата и обврските на земјите членки, Туку нејзината улога е да служи како толкувач на одредбите на Повелбата преку нагласување на некои од суштинските мотиви на основачите на организацијата. Поглавје 1: Цели и НачелаЧлен 1Цели на Обединетите Нации се:
Член 2Со цел постигнување на целите наведени во Член 1, Организацијата и нејзините членки делуваат во согласност со следниве начела.
Поглавје 2: ЧленствоПоглавјето 2 од Повелбата на Обединетите Нации се однесува на членувањето во организацијата на Обединетите Нации. Поглавје 3: Органи
Поглавје 4: Генерално СобраниеПоглавје 5: Советот за безбедностСостав Член 23 1. Советот за безбедност се состои од петнаесет членки од Обединетите Нации. Република Кина, Франција, СССР, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и Соединетите Американски Држави се постојани членови на Советот за безбедност. Генералното Собрание бира десет дополнителни членови од Обединетите Нации за привремени членови на Советот за безбедност, водејќи особено сметка за нивниот придонес кон одржувањето на меѓународниот мир и безбедност како и кон други цели на Организацијата, како и рамномерна географска распределба. 2. Привремените членки на Советот за безбедност се избираат за период од две години. Во првите избори на привремени членки по порастот на членство во Советот за безбедност од единаесет на петнаесет, две од четири дополнителни членки се избираат за период од една година. Членка со истечен мандат не може да се кандидира за последователен мандат. 3. Секоја земја членка на Советот за безбедност има по еден претставник. ЗАДАЧИ И ОВЛАСТУВАЊА Член 24 1. За да се одржи ефикасно и брзо дејствување на Обединетите Нации, нејзините земји членки му ја доверуваат примарната одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, и се согласуваат Советот за безбедност да делува во нивно име кога ги извршува неговите обврски засновано врз оваа одговорност. 2. Во вршењето на овие обврски, Советот за безбедност делува во согласност со целите и начелата на Обединетите Нации. Посебните овластувања кои му се доделени на Советот за безбедност се наведени во Поглавје 6, 7, 8, и 12. 3. Советот за безбедност поднесува годишен, а кога е потребно и специјален извештај, на Генералното собрание кое го разгледува. Член 25 Членките на Обединетите Нации се согласуваат да ги прифатат и спроведат одлуките на Советот за безбедност во согласност со Повелбата. Член 26 Со цел да се унапреди поставувањето и одржувањето на меѓународниот мир и безбедност преку што помало расипување на светските човечки и економски извори на вооружување, Со помош на Комитетот на Воениот штаб споменат во Член 47, Советот за безбедност е одговорен за формулирање на плановите кои се поднесуваат до Членките на Обединетите Нации за поставување на систем за регулација на наоружувањето. ГЛАСАЊЕ Член 27 1. Секоја земја членка на Советот за безбедност има еден глас. 2. Одлуките во Советот за безбедност за процедурални работи се донесуваат со девет позитивни гласови. 3. Одлуките во Советот за безбедност за сите други работи се донесуваат со девет позитивни гласови вклучувајќи ги потврдните гласови на постојаните членки под услов во одлуките врз основа на Поглавје 6, став 3 од Членот 52, странка во спор се не гласа. ПРОЦЕДУРА Член 28 1. Советот за Безбедност е организиран за постојана вршење на својата работа. Поради оваа, секоја членка на Советот за безбедност, има свој постојан претставник во седиштето на Организацијата. 2. Советот за безбедност одржува периодични состаноци на кои по желба секоја од членките може да биде претставена од член на сопствената влада или некој друг специјално назначен претставник. 3. Советот за безбедност може да одржува состаноци на различни локации кои по негова оценка, најмногу ќе му ја олеснат работата. Член 29 Советот за безбедност може да создаде помошни органи според потребата за извршување на задачите. Член 30 Советот за безбедност усвојува сопствени процедурални правила, вклучувајќи го и начинот на избор на Претседател. Член 31 Секоја земја членка на Обединетите Нации, која не е членка на Советот за безбедност може да учествува, без право на глас, во дискусиите за било кое прашање кое се дискутира во Советот за безбедност, кога Советот ќе смета дека интересите на членката се вклучени. Член 32 Секоја земја членка на Обединетите Нации која не е членка на Советот за безбедност или било која држава која не е членка на Обединетите Нации, е странка во спор кој се разгледува во Советот за безбедност, се поканува да учествува во соодветната дискусија, без право на глас. Советот за безбедност поставува услови кои ги смета за потребни за учество на држава која не е членка на Обединетите Нации. Поглавје 6: Мирно решавање на споровиПоглавје 7: Дејствија во однос на закани кон мирот, повреда на мирот и чин на агресијаПоглавје 8: Регионални договориПоглавје 9: Меѓународна економска и социјална соработкаПоглавје 10: Економскиот и социјалниот советПоглавје 11: Декларација за територии без самоуправаПоглавје 12: Меѓународен старателски системПоглавје 13: Старателски системПоглавје 14: Меѓународен суд за правдаПоглавје 15: Секретаријат
Функции на Секретаријатот
Поглавје 16: Разни одредбиПоглавје 17: Преодни одредби за безбедностПоглавје 18: Измени и дополнувањаПоглавје 19: Ратификација и потпишувањеПоврзаноЛитература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia