Право е збир на норми, правни правила со кои се уредуваат односите помеѓу поединците во една држава, чии што однесувања треба да бидат во согласност со истите и во чии рамки се предвидуваат казните за оние што ќе ги прекршат тие правила. Во поширока смисла, под поимот право се подразбира општествена применета наука.
Прочитајте повеќе
Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази. За опсежен преглед, видете Вавилонско право.
Законикот стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел да чита.
Прочитајте повеќе
Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија додека се криел од своите политички непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“
Неговата фамилија, од родот Тулиј, биле едни од земјопоседниците и благородници во Арпинум и поседувале слава и богатство поголеми од другите фамилии во Арпинум, Марии.
Прочитајте повеќе