Повест за минатите години![]() Повест за минатите години (старословенски: Повѣсть времѧньныхъ лѣтъ) или Примарен летопис е најстар руски летопис настанат од околу 850 до 1110. Се смета дека оригинално настанал во или околу Киев во 1110те, од страна на монахот Нестор.[1] Ова дело долго време се сметало за основен извор во толкувањето на најраната историја на источните Словени. Содржината на летописот денес е позната од неколку зачувани изданија и кодекси кои се ревидирале низ годините и покажуваат благ степен на варијација еден од друг. Поради неколкуте идентификувани хронолошки несовпаѓања во делото и многубројните логички неусогласености коишто биле посочени од историчарите низ годините, неговата вредност како веродостоен историски извор е ставена под строга контрола од страна на современите експерти во областа. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia