Поградец (општина)

Општина Поградец
Bashkia Pogradec
Општина
Знаме на Општина ПоградецАмблем на Општина Поградец
Амблем
ДржаваАлбанија
ОбластГорица
СедиштеПоградец
Мреж. местоhttps://www.bashkiapogradec.gov.al

Општина Поградецопштина во Областа Горица во Албанија, и негово седиште е градот Поградец.[1]

Административна поделба

Општина Поградец порано припаѓала во Округот Поградец.

Денешната територија на Општина Поградец постои согласно управната реформа од 2015 година, кога кон Општина Поградец биле припоени територии на дотогашните општини Старово, Черава, Берагожда, Проптишта, Требиње, Одуништа и Велчани, кои денес имаат статус на составни општински единици.[2] Опфаќа 73 населени места распоредени во 8 општински единици. Имаат вкупно население од 61.530 жители (2011) и површина од 594,77 км2.[3] Според тој попис, тогашната помала територија на Општина Поградец броела 20.848 жители.[4] Самиот град Поградец зазема 15 км2.

Општинска единица Берагожда

Општинската единица Берагожда опфаќала 9 населени места со вкупно 2.182 жители (2011).[4] Нејзино седиште е селото Берагожда (Dardhas).

Општинска единица Велчани

Општинската единица Велчани опфаќала 8 населени места со вкупно 2.548 жители (2011).[4] Нејзино седиште е селото Велчани (Velçan).

Општинска единица Одуништа

Општинската единица Одуништа опфаќала 6 населени места со вкупно 5.990 жители (2011).[4] Нејзино седиште е селото Одуништа (Udënisht).

Општинска единица Поградец

Општинската единица Поградец се состои само од градот Поградец (Pogradec), кој брои 20.848 жители (2011).[4]

Општинска единица Проптишта

Општинската единица Проптишта опфаќала 15 населени места со вкупно 4.785 жители (2011).[4] Нејзино седиште е селото Проптишта (Proptisht).

Општинска единица Старово

Општинската единица Старово опфаќала 8 населени места со вкупно 15.687 жители (2011).[4] Нејзино седиште е селото Старово (Buçimas).

Општинска единица Требиње

Општинската единица Требиње опфаќала 15 населени места со вкупно 2.481 жител (2011).[4] Нејзино седиште е селото Требиње (Trebinjë).

Општинска единица Черава

Општинската единица Черава опфаќала 11 населени места со вкупно 7.009 жители (2011).[4] Нејзино седиште е селото Черава (Çërravë).

Наводи

  1. „FLETORJA ZYRTARE E REPUBLIKËS SË SHQIPËRISË“ (PDF). www.qbz.gov.al. 1 септември 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 септември 2015. Посетено на 4 април 2025.
  2. Закон бр. 115/2014[мртва врска]
  3. „Интерактивна карта на управната територијална реформа“. Архивирано од изворникот на 2017-01-12. Посетено на 2019-04-25.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Исход од поописот 2011: Горица Архивирано на 24 септември 2015 г. — Статистички институт на Албанија (албански) (англиски)

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya