Оштица е старо село. Кај него има остатоци од римска населба и гробница.[4]
Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. Општице спаѓало под Испанеполе и е запишано вака — муслимани: 1 домаќинство; немуслимани: 57 домаќинства, ергени - 8, вдовици - 2.[5] Во скратен регистар од 1530 г. сеото Општиче се води со муслимани: 2 домаќинства, ергени - 2; немуслимани: 69 домаќинства, ергени - 11; вдовици - 3.[6] Во 1671 г. во Неврокоп биле свикани пратеници од сите села во казата за да сведочат на суд дека им била исплатено откупеното производство од државата. Од муслиманските села бил пратен муслиман, од христијанските христијанин, а од мешаните по еден муслиман и еден христијанин. Селата во кои живееле луѓе со повисок општествен статус се претставени од нив без оглед на вероисповедта. Во тој документ Устица (Обештица) било претставувано од муслиман.[7] Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската каза за 1723 г. за селото Опуштиче се запишани само 22 муслимани.[8] Од ова се гледа дека исламизирано на населението зела замав доста подоцна.
Во селото секоја година се одржувал голем панаѓур меѓу 26 и 30 октомври. На него се продавале аби, шајаци и друга стока од месно производство.[14]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска. По податоци на БПЦ кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Оштица живееле 103 семејства со вкупно 542 жители.
Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според грчка статистика во истата година во Остица (Οστίτσα) живееле 587 лица.[15] Во 1920 г. тие спаднале на 417 жители.[3]
Во 1923 г. еден дел од населението, како муслиманско, е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, но друг дел се преселил во преку границата во чечките муслимански села во Пиринска Македонија. Во селото се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1927 г. селото е преименувано во Микромилија (Μικρομηλιά),[16] во превод „мало дрво“. Во 1928 г. Оштица е заведена како чисто доселеничко село со 173 грчки дојденци (61 семејство).[17]
За време на Граѓанската војна (1946-1949) целото население на селото е преселено во внатрешноста, а по војната само дел од него се вратил во Оштица.[3]
Населението се занимава со одгледување на тутун, жито, компири и други земјоделски култури, како и со сточарство.[3]
Месности во Оштица преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г.
↑Pathfinder clubs. „ΟΔΟΙΠΟΡΙΚΟ ΣΤΟ ΝΟΜΟ ΔΡΑΜΑΣ“ (грчки). Архивирано од изворникот на 2009-08-08. Посетено на 3 мај 2009. Занемарен непознатиот параметар |архив_дата= (help); Занемарен непознатиот параметар |архив_уеб_адрес= (help)
↑Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 58. ISBN954-523-084-3. OCLC166026970.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 130–131. ISBN954-8187-21-3.
↑Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани(70/100/16)|format= бара |url= (help) (II. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN954-9308-51-0.