Поделба на гласовите во македонскиот јазикОсновна поделба на гласовите е на:
Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат поголема звучност. Во македонскиот јазик самогласки се: а, е, и, о, у. Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот. Покрај нив во слогот може да има повеќе согласки, но тие може и самостојно да градат слог. На пр.: збо - ро - ви мост пе - е Освен самогласките, во нашиот јазик и гласот р може да има слоготворна функција. На пр.: прст кр - вав пр - вак Поделба на самогласкитеСпоред височинатаСамогласките според височината (поставеноста) на јазикот самогласките се делат на: Според движењето на јазикотСпоред движењето на јазикот напред-назад самогласките се делат на:
Според положбата на уснитеСпоред положбата на усните самогласките се делат на: Поделба на согласкитеСогласките (консонантите) се помалку звучни од самогласките, односно при нивниот изговор воздушната струја не поминува непречено. Во македонскиот јазик има 26 согласки кои ги делиме според разни критериуми. Според место на образување во усна шуплинаСпоред местото на образување во усната шуплина согласките се делат на:
Според начинот на образувањеСпоред начинот на образувањето согласките се делат на: — преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г — теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р — преградно-теснински: ц, ѕ, ч, џ, ќ, ѓ Според звучностТретата поделба на согласките е според нивната звучност:
Сонантите се позвучни од звучните согласки и им се доближуваат на самогласките. Поделбата на звучни и безвучни согласки е важна за гласовните промени. Тие се случуваат кога ќе се најдат една до друга согласки со различна звучност (едначење по звучност). |
Portal di Ensiklopedia Dunia