Едначење по звучност
Според звучноста согласките се делат на безвучни, звучни и сонатни. Безвучните и звучните согласки образуваат таканаречени корелативни парови. Секоја безвучна согласка, освен х, има свој звучен парник. Тие парови се:
Правило 1Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во непосреден допир. Едначењето се врши спрема втората согласка. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни. Пример:
Правило 2Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни сват- сватба-свадба Правило 3Едначењето по звучност редовно се обележува и во зборовите со претставка. Правило 4Согласката ј се обезвучува и пред слеаните ц, ч во зборови со претставка. Правило 5Кога претставките што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав на збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја. Правило 5.1Во некои зборови границата меѓу претставката и основниот збор јасно се чувствува, и согласките се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен, ... Правило 5.2Во други случаи, кога е сраснатоста на составните делови изразена во поголем степен, по извршеното едначење се добива една согласка: одамна (од оддамна), бесмислен, бесмртен, бесрамен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла (од разседла), расее, расели, расече, раслои, расобуе, расони и др. Иста појава имаме и на составите меѓу префиските без-, из-, раз- и зборовите што почнуваат со ш. Во едни случаи се чува с: бесшумно (од безшумно), исшета, исшие, исшилчи, а во други, по асимилацијата на с во ш, се добило едно ш; ишари (од изшари), ишмрка, уштипе, рашета (од разшета), рашие, рашири, раштима, раштрка. Правило 6Едначењето по звучност не се одбележува во следниве случаи: Правило 6.1Не се одбележува едначењето на в пред безвучна согласка Правило 6.2Не се одбележува едначењето на д Правило 6.3Пред членската наставка -та не се одбележува и едначењето на другите звучни согласки Правило 6.4Согласката г не се едначи во: бегство, другпат. Правило 6.5Не се едначи т во сложенките од типот: петгодишен, десетгодишен, дванаесетгодишен, ... Правило 6.6Едначењето на согласките по звучност не се одбележува и во некои личните именки од туѓо потекло. Правило 6.7Во допир со гласниците (сонанти) не се врши едначење по звучност: милослив, милосница, мирислив. Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia