Пожар во Богородичната црква (Париз)
На 15 април 2019 година околу 18:50 ч. (CET) избувнал пожар на покривот на Богородичната црква во Париз, Франција, предизвикувајќи огромна штета. ЗаднинаПричината за пожарот е сè уште непозната. Се претпоставува дека има поврзаност со реновирањето на објектот, откако во 2018 година имало ургентен апел за реставрација и одржување на објектот.[1] Бронзените статуи биле отстранети од внатрешноста на црквата во подготовките за реновирањето.[2] ИнцидентотПожарот се претпоставува дека избувнал околу 18:50 во време кога црквата е отворена за туристите. Околу 18:15 и 19:00 истиот ден била закажана миса. Четиристотини пожарникари биле мобилизирани за да се борат со огнената стихија. Тие изјавиле дека не се употребуваат канадери затоа што може да се оштети целосната структура на црквата. РеакцииГрадоначалниката на Париз, Ане Идалго порача на жителите да ја избегнуваат областа која е означена од страна на пожарникарските служби. Меѓународни реакцииСветските водачи и влади, вклучувајќи го и Ватикан, Ангела Меркел, Тереза Меј, Доналд Трамп и Ерна Солберг изразија жалење за настанатата штета и за потенцијалната загуба на вековното обележје. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia