Покраини во ФранцијаЦарството Франција било поделено на покраини сè до 4 март 1790 година, кога се воспоставил систем на департмани. Француските провинции биле речиси еднакви на историските грофовии на Англија. Тие се оформиле во текот на многу илјадници години, односно со територијалниот развиток на Франција. Поради случајниот начин на кој се развивале провинциите, секоја од нив поседувала свои правила на феудални традиции, закони, системи на такси, судови и сл., при што овој систем ја забавувал ефикасната администрација на целата земја од Париз. За време на раните години од Француската револуција, во обид да се централизира администрацијата на целата земја, како и да се отстрани влијанието на француското благородништво на земјата, системот на провинции бил напуштен и заменет со систем на департмани, кој постои и денес. Во одделни случаи, неколку современи региони или департмани ги имаат истите имиња како и историските провинции, а нивните граници грубо ја покриваат истата територија. Список на поранешни покраини во ФранцијаСписокот кој следува ги прикажува главните провинции на Франција во времето на нивното растурање за време на Француската револуција. Главните градови се прикажани во наводници. Задебелените градови укажуваат на тоа дека градот бил седиште на парламентот или суверениот конзулат, кои биле легислативни и правни тела. Во некои случаи, легислатурата се среќава во друг град од традиционалниот главен град. Некои од провинциите кои подоцна биле вклучени во рамките на Франција за време на револуцијата претходно не биле дел од Царството Франција. ![]()
|
Portal di Ensiklopedia Dunia