Троа
Троа (француски: Troyes) — општина и главен град на департманот Об во регионот Голем Исток во Северно-средна Франција. Се наоѓа покрај реката Сена на околу 140 километри југоисточно од Париз. Троа се наоѓа во винскиот регион Шампања и е блиску до Регионалниот природен парк Источни шуми. Во 2018 година Троа имал население од 61.996 жители. Тој е средиште на агломерациската заедница на Троа Шампањ метропол, со население од 170.145 жители. Троа се развил веќе во римската доба, кога бил познат како Augustobona Tricassium. Се наоѓал во близина на многу патишта, особено на Вија Агрипа. Градот има богато историско минато, од племето Трикаси до ослободувањето на градот на 25 август 1944 година за време на Втората светска војна, вклучително и Битката кај Каталаунските Полиња, Советот на Троа, свадбата на Хенри V и Катерина од Валоа и Саемите за шампањ, кои привлекувале трговци од целиот христијански свет. Градот има богато архитектонско и урбано наследство: многу згради се заштитени како историски споменици, вклучително и полудрвени куќи (главно од XVI век) кои преживеале во стариот дел на градот. Тие придонеле Троа да биде прогласен за град на уметноста и историјата. Производството на текстил се развило од 18 век наваму, и било главна гранка на стопанството на Троа до 1960-тите. Денес, Троа е европска престолнина на фабрички продажни места и трговија и има три трговски центри. ИсторијаГеографската местоположба на келтските гробници околу Троа и откривањето на келтските артефакти во срдиштето на градот укажуваат дека Троа како населба можеби потекнува од Келтите уште во 600 г. пр. н. е.[2] Троа постоела уште од римската доба, како Augustobona Tricassium, кога била раскрсница на многу патишта, особено на Вија Агрипа, која водела на север до Ремс и на југ до Лангр и конечно до Милано.[3] Другите римски патишта воделе од Троа до Поатје, Отен и Орлеан.[4] Toa било civitas на галското племе Трикаси[5], кое Август го одвои од Сеноните. Пронајдени се неколку расфрлани остатоци од гало-римскиот град од раното царство, но нема јавни споменици освен траги од аквадукт. Во доцното царство населбата се намалила и била наречена Трикасиум или Трикаса, потеклото на француското Троа. Градот бил седиште на епископот од IV век - преданието за епископот Лупус (Лу), кој го спасил градот од Атила давајќи се себеси како заложник, е хагиографски а не историски факт[6] - сепак, неколку векови подоцна градот станал важен како средновековно трговско средиште. Битката кај Каталаунските Полиња, наречена и Битката кај Троа, се водела во негова близина во 451 година помеѓу римскиот генерал Флавиј Аетиј и визиготскиот крал Теодорик I против Атила. Во Троа, Луј II во 878 година, ја примил царската круна од рацете на папата Јован VIII. Кон крајот на 9 век, грофовите од Шампањ го избрале Троа за свое седиште и тој останал главен град на покраината Шампања до Француската револуција. Во опатијата Сен Лу била развиена позната библиотека и скрипториум. Во средниот век, тој бил важен трговски град кој своето име на тројската тежина (на пр. тројската унца е традиционалната единица за тежина на златото). Панаѓурите за облека и оживувањето на трговијата на далечина, како и новото ширење на монетите и заемите, биле вистинскиот двигател што ја поттикнал средновековната економија на Троа. На почетокот на 10 век, градот станал средиште на округот и седиште на семејството Вермандоа. Во 1285 година, кога Филип Убавиот ја обединил Шампања со кралските имоти, градот задржал многу традиционални повластици. Јован Бестрашниот, војводата од Бургундија и сојузник на Англичаните, сакал Троа да стане главен град на Франција во 1417 година. Со Изабела Баварска, сопруга на Шарл VI Лудиот, се спогодил судот, советот и сообранието, како и канцелариите, да се преселат во Троа. Во Троа, тогаш во рацете на Бургунѓаните, на 21 мај 1420 година била потпишана спогодба со која Хенри V бил свршен за Катерина од Валоа, ќерка на Шарл VI, според услови под кои требало да го наследи Шарл, наместо дофенот. Знакот на хегемонија на Плантагенетите во Франција бил обратен кога дофенот, подоцна Шарл VII и Јованка Орлеанка, го обновиле градот Троа во 1429 година. Во средниот век, Троа бил важно меѓународно трговско средиште, со познат панаѓур. Името тројска тежина за злато доаѓа од мерниот стандард развиен овде.[7] И покрај многуте канали во градот, голем пожар во 1524 година уништил голем дел од средновековниот град. ГеографијаТроа се наоѓа во западниот дел на регионот Голем Исток, во средиштето на департманот Об и е негов главен град. Општината се протега во варовитата рамнина Шампања, блиску до Пеи д'От и Пеи д'Арманс. Овој град лежи на алувијална рамнина во долината на Сена. Воздушно, Париз е 141,5 километри северозападно од Троа. Освен главниот град, други поголеми градови блиску до Троа се Ремс (106,9 км северно) и Дижон (129,9 км југоисточно). ![]() Музеи
ЦрквиНеоштетен од минатите војни, Троа има голема густина на стари верски објекти собрани во близина на средиштето на градот. Тие се:
Збратимени градови
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia