Полжави во црепна

Полжави во црепна
Црепна за печење
Видпосно јадење
Дел од оброкотглавно јадење
Место на потеклоМакедонија
Главни состојкиполжави

Полжави во црепна — традиционално јадење од полжави приготвено на стар начин во црепна.[1]

Рецепт

Полжавите се вадат од оклопите, се чистат и мијат, па се посолуваат и се посипуваат со пченкарно брашно. Без употреба на никаква маснотија се редат во загреана црепна чие дно е исто така посипано со малку пченкарно брашно.[1]

Вид на јадењето

Полжавите заедно со рибите спаѓаат во категоријата на „посни меса“ и како посна храна се готвеле најмногу „во пости“ или празници во кои според христијанската вера било дозволено да се јаде само овој вид посни меса.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Рогановиќ, Трпа (1994). „Црепната и нејзината примена во приготвувањето на некои традиционални јадења во селото Матка - Скопско“. Етнолог. Здружение на етнолозите на Република Македонија, Музеј на Македонија. III (4–5): 85–92. Посетено на 19 мај 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya