Полина Гагарина
Полина Сергеевна Гагарина (родена на 27 март 1987 година) — руска пејачка, текстописец и глумица. Таа ја претставувала Русија на Евровизија 2015 со „Милион гласови“ каде завршила на второто место со 303 бода. Гагарина учествувалае и во кинескиот натпревар Singer во 2019 година, каде билае една од финалистите. Ран животГагарина е родена во Москва, но поголемиот дел од својата младост ја поминала во Грција. Нејзината мајка се занимавала со балет. Во 1993 година, таткото на Гагарина починал, а нејзината мајка одлучила семејството да го пресели во Русија, но набргу се вратиле во Грција и се сместиле во Атина. По завршувањето на образованието, таа се преселила во Саратов да живее со нејзината баба. Течно зборува руски, грчки и англиски јазик. Кариера2003–07: Poprosi u oblakovВо 2003 година, Гагарина се натпреваруваше во втората сезона на „Star Factory“, руско натпреварување во реалити за пеење. Таа изведе неколку песни од Максим Фадеев и продолжи со победа во шоуто, но одби да соработува со Фадеев по нејзината победа. По победата, Гагарина беше поканета да настапи во групата Playgirls. Групата доби договор за снимање со АРС Рекордс, но на крајот се распушти. Во 2005 година таа настапи на натпреварот Нов бран (New Wave) што се одржа во Јармала, Летонија и се пласираше на третото место. Подоцна ги издаде сингловите „Kolybelnaya“, „Morning“, „Ya tvoya“, „Pomnyu“ и „Ya tebya ne proshchu nikogda“. Нејзиниот деби албум Poprosi u oblakov беше издаден во 2007 година. 2008–12: О СебеВо 2008 година, Гагарина го издаде синглот „"Komu, zachem?"“, Дует со руската пејачка Ирина Дубцова . Во март 2010 година, беше објавен нејзиниот втор студиски албум О себе . Во 2012 година, Гагарина започна соработка со руско-грузискиот продуцент Константин Меладзе . Со Меладзе сними четири синглови: „Спектакл окончен“(Spektakl okonchen), Претставата заврши“(The Play Is Over), „Net“ („Не“), „Navek“ („Засекогаш“) и „Shagay". ![]() 2015–16: Избор на песна на Евровизија и 9На 9 март 2015 година, беше откриено дека Гагарина ќе ја претставува Русија на Евровизија 2015 со песната Milion Voices (Милион гласови). Гагарина се пласираше на првото место во првото полуфинале со 182 бода, пред да се најде на второто место во големото финале на натпреварот, на крајот со 303 бода. Ова беше четврти највисок вкупен бод, на сите времиња и таа стана првиот учесник кој не победил и надминал 300 бода. На 25 јули 2015 година, таа ја изведе „Milion Voices“ (Милион гласови) како завршна песна на ждрепката за квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2018 во Санкт Петербург, прикажана на телевизија ширум светот. На 9 август 2015 година, таа настапи на завршната церемонија на Светското првенство во вода во Казан 2015 година. Таа беше тренер во руското реално шоу за таленти The voice „Гласот“ во сезоните четири и пет. Во септември 2016 година, нејзиниот трет студиски албум 9 беше објавен. Овој албум се искачи на првото место на топ листите во Русија iTunes. 2019 – сегашност: Пејачка 2019 годинаНа 1 февруари 2019 година, беше откриено дека Гагарина учествуваше во кинескиот натпревар Сингер 2019, исто така позната како седма сезона на Јас сум пејач, влегувајќи во статусот на замена за пејач четвртата недела. Гагарина беше третиот европски натпреварувач што учествуваше по победничката во шеста сезона со Џеси Џеј (Велика Британија) и Кристијан Костов (Бугарија), кои учествуваа во седмата сезона заедно со неа. Гагарина постигна три врвни пласмани на првата петнеделна ревија пред да заврши како последна во своето шесто шоу. На 22 март, таа ги извести медиумите дека се здобила со повреда на мускулот за време на пробите. И покрај нејзината повреда, таа на крајот се пласираше во трите најдобри во текот на следната недела, наречена рунда на пробивот (круг со претходно елиминирани натпреварувачи, заменски пејачи, освен повлечени и не-натпреварувачки пејачи), каде стана една од седумте финалисти за титулата победник „Пејач 2019“ -Singer 2019. Во финалниот шпиц, таа изведе дует со кинескиот пејач Генг Сихан, пеејќи ја песната „Плитко“- Shallow. Во првиот круг од финалето, таа ја отпеа „Ние сме светот“- We Are the World заедно со учесничката на Казахстан на Детската Евровизија 2018, Данелија Тулешова, филипинско-канадскиот пејач Дарен Еспанто и кинескиот рапер Ер Ари. За осмата сезона на Гласот (The Voice) во 2019 година, таа повторно се приклучила како учител.[1] Исто така, за првпат на The Voice Kids, таа беше учител за седмата сезона.[2] На 25 август 2007 година, Гагарина се омажила за рускиот глумец Петар Кислов.[3] Таа го роди нивниот син Андреј на 14 октомври 2007 година.[4] Тие се разведоа на 31 март 2010 година.[5] Таа се омажи за фотографот Дмитриј Искахов на 9 септември 2014 година.[6] Во април 2017 година ја роди нивната ќерка Миа.[7] Дискографија
Филмографија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia