Евровизија 2015
Евровизија 2015 — 60-тото издание по ред на изборот за песна на Евровизија. Се одржало во Виена, главниот град на Австрија, како резултат на победата на Кончита Вурст на Евровизија 2014 година во Копенхаген, со песната Rise Like a Phoenix.[1] Ова било вторпат Австрија да биде домаќин на фестивалот, а првото домаќинство го имала во 1967 година. Радиодифузер на натпреварувањето бил австрискиот јавен сервис О-Ер-Еф. Полуфиналните вечери биле одржани на 19 и 21 мај 2015 година, а големото финале се одржало на 23 мај 2015 година. Шоуто го воделе три дами: Мирјам Вајкселбраун, Алис Тумлер и Арабела Кајсбауер. На натпреварот учествувале вкупно 40 земји, а како повратнички земји земале учество Кипар, Србија (после едногодишна паузе) и Чешка (после петогодишна пауза), додека Украина оваа евровизија ја прескокнала заради финансиски причини и вкупната политичка ситуације во земјата, од Украинската криза. Дебитант на ова издание на Евровизија била Австралија. На Евровизија 2015 победила Шведска со песната - Heroes (превод на мак. Херои) - во изведба на Монс Селмерлев, додека Италија — со песната -Grande amore- (превод на мак. Голема љубов) — го освоила првото место по бројот на гласови од публиката. Второто место на натпреварот и припаднало на Полина Гагарина од Русија со песната - A Million Voices - (превод на мак. Милион гласови}}), а третопласирана била Италија. Шведска, меѓутоа, собирајќи го мнозинството од гласовите од жирито добила доволно бодови за да ги надмине гласовите на гледачите. Ова било првпат од 2009 година победникот да не освои и најмногу бодова од телегласањето.[2] Шведска ја остварила втората победа во последните три године, а свеукупно шеста. Првпат на Евровизија се случило првите три земји да освојат 280 бодови или повеќе. Руската песна -{A Million Voices}- станала прва не-победничка нумера која добила повеќе од 300 бодови, додека италијанската композиција -{Grande amore}- била прва песна од 2012 године која се пласирала меѓу најдобрите три, а која не е испеана на англиски јазик. Австрија и Германија биле првите држави кои од 2003 година наваму не добиле ниеден бод во финалето. Австрија е исто така првата земја домаќин со освоени нула бодови, те истовремено прв домаќин и претходен победник кој се пласирал на најслабо место уште од 1958 година. Место на одржување![]() Австријскиот јавен сервис О-Ер-Еф на 6 август 2014, објавил дека Виена ќе биде домаќин на Евровизије 2015 година. Натпреварувањето е одржано во Виенер Штадхале, во халата D (главна хала наменета воглавно за концерти) која може да прими околу 16.000 луѓе.[3] На 6 август 2014 конечно било одредено дека домаќин ќе биде главниот град на Австрије, а изабраната арена била Виенер Штадхале.
ФорматНатпреварувањето се состоело од две полуфиналиња и финале, што е формат кој се користи уште од 2008 година. Десет земји со највеќе гласови се квалификувале за големото финале и на тој начин им се придружиле на автоматските финалисти: домаќинот Австрија, итн. „голема петорка” која ја сочинуваат Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија, како новоповиканиот учесник Австралија.[6] Секоја земја учесник имала је свој национален жири, составен од пет професионални члена со занимање поврзано за музичката индустрија. Секој член на националното жири морал да ја оцени секоја песна, освен онаа која је претставувала неговата/нејзината држава. Резултатите од гласањето на секој поединечен член на националното жири се комбинирани како би се добил вкупен пласман од првото до последното место. Слично на тоа, резултатите од телевоутингот исто така се толкуваат како конечен пласман, имајќи ги предвид резултатите од вкупното гласање за разлику од гласањето на жирито коде се брои за првата десеторка. Комбинацијата на вкупните гласови од жирито и вкупните гласови од публиката го одредила вкупниот пласман на сите учесници. Песната која освоила највеќе бодови по сумирање на резултатите добивала по 12 бодови, додека десеттата песна во поредокот добивала 1 бод.[7] Во врска со телевоутингот (недоволна количина на гласови / технички проблеми) или грешките на жирито (технички проблеми / кршење на правила), само еден од овие два случаја би можел да биде во оптек ако би сакале да гласаат со стопостотен удел од гласовите на жирито, иле од публиката.[8][9] Жрепка за полуфиналеЖрепката за полуфиналето била одржана на 26 јануари 2015 година во Виена, во Градското сообрание, со домаќините Анди Кнол и Кати Белович.[10] Земјите учесници, освен директните финалисти (домаќинот Австрија, големата петорка и Австралија), биле поделени во пет шешири, формирани на основа на историјата и разменета на бодови меѓу државите во последните 10 години, по што подоцна се извлечени учесниците по полуфиналиња.[11] Составот на шеширите бил следниов:
Одредување на почетните позицииДомаќинот О-Ер-Еф со продуцентите (ЕБУ извршен супервизор и референтната група) — го одредил финалниот редослед за настапување на земјите учеснички по полуфиналиња и финале, што е и случај со натпреварувањата од 2013 година, за разлику од системот на избор во жребот користен на Евровизија до 2012 година. Така единствено само настапот на земјата домаќин бил одреден со ждрепка. Домаќинот Австрија својата почетна позиција ја објавила на 16 марта 2015 године, откако челниците на делегацијате се сретнале и одлучиле нивната земја да настапува под реден број 14.[12] Конечниот редослед на полуфиналните настапи бил објавен на 23 март 2015 године. Одлучено било дека Молдавија ќе го отвори првото полуфинале, а Литванија второто. Редоследот на натпреварувачите за големото финале бил објавен набрзо по прес-конференцијата која ја одржале победниците во полуфиналињата, па било извлечено Словенија да го отвори финалето, а Италија да настапува како последна.[13] Водителки![]() Од лево кон десно: Алис Тумлер, Мирјам Вајкселбраун и Арабела Кајсбауер На 19 декември 2014, О-Ер-Еф одредил дека составот на водителите ќе го сочинува женското трио: Мирјам Вајкселбраун, Алис Тумлер и Арабела Кајсбауер. Ова било првпат составот на водители да го сочинуваат три жени. Победникот на Евровизија 2014, Кончита Вурст, бил домаќин во зелената соба (бекстејџу).[14] За првпат од Евровизија 2007, сите водители можеле меѓусебно да се разбираат на завидно ниво на позавање францускиот јазика, вториот јазик на ЕБУ. Национален телевизиски радиодифузерВо текот на првиот состанок измеѓу домаќинскиот радиодифузер О-Ер-Еф и ЕБУ во мај 2014, претставниците на основниот организационен тим биле одбрани. Едгар Бем, кој е на чело на продукцијата на забавниот програм на О-Ер-Еф, бил прогласен за извршен продуцент.[15] УчеснициПрво полуфинале16 држави учествувало во првото полуфинале. Право на гласа имала публиката и членови на жирито од Австралија,[16] Австрија, Франција и Шпанија.[17] Десет песни со позициите од 1 до 10 се квалификувале за финалето (означени со портокалова боја).
Второ полуфинале17 држави учествувале во второто полуфинале. Право на гласа имала публиката и членови на жирито од Австралија,[16] Германија, Италија и Велика Британија.[17] Десет песни со позициите од 1 до 10 се квалификувале за финалето (означени со портокалова боја)..
Финале
РезултатиВо следните табели се наоѓаат деталните статистички податоци за резултатите од гласањето по држави. Резултати од првото полуфинале
12 бодови во првото полуфиналеВо табелата се прикажани бројот на добиени 12 бодови во првото полуфинале по држави.
Резултати од второто полуфинале
12 бодови во второто полуфиналеВо табелата се прикажани бројот на добиени 12 бодови во првото полуфинале по држави.
Резултати од финалето
12 бодови во финалетоВо табелата се прикажани бројот на добиени 12 бодови во финалето по држави.
Наводи
Надворешни врски1956 ·
1957 ·
1958 ·
1959 ·
1960 ·
1961 ·
1962 ·
1963 ·
1964 ·
1965 ·
1966 ·
1967 ·
1968 ·
1969 ·
1970 ·
1971 ·
1972 ·
1973 ·
1974 ·
1975 ·
1976 ·
1977 ·
1978 ·
1979 ·
1980 ·
1981 ·
1982 ·
1983 ·
1984 ·
1985 ·
1986 ·
1987 ·
1988 ·
1989 ·
1990 ·
1991 ·
1992 ·
1993 ·
1994 ·
1995 ·
1996 ·
1997 ·
1998 ·
1999 ·
2000 ·
2001 ·
2002 ·
2003 ·
2004 ·
2005 ·
2006 ·
2007 ·
2008 ·
2009 ·
2010 ·
2011 ·
2012 ·
2013 ·
2014 ·
2015 ·
2016 ·
2017 ·
2018 ·
2019 ·
|
Portal di Ensiklopedia Dunia