Полска треперка
Полската треперка (науч. Anthus campestris) е средно голема врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и во Индија. ОписПолската треперка е долга 16 см и има распон на крилјата од 25 до 28 см.[2] Незабележлива е на земја заради нејзините песочни бои, прошарани со малку потемни нијанси одоздора, а светла е одоздола. Слична е на ричардовата треперка (Anthus richardi), но е малку помала, со пократки крилја, опашка и нозе и има поправ темен клун. Летот ѝ е силен и директен придружен со карактеристичниот повик шип.[2] Поведение![]() Живеалиштето на полската треперка се топлите, отворени предели, степи и полупустини. Се храни со инсекти, особено со бубачки, скакулци, мравки, гасеници. Нејзината песна е кратко повторување на гласното двосложно чи-ри чи-ри.[2] Гнездото го прават на земја, скриено во растителноста со малку растителен материјал. Јајцата ги несат од средината на мај до почетокот на јуни, честопати имаат второ легло при крајот на јуни. Несат 3-6, обично 4-5 јајца. Периодот на инкубација е 12-13 дена кое го врши само женката. Пилињата го напуштаат гнездото по 12-15 дена, но целосно се оперјуваат и осамостојуваат по 28-30 дена. Во културатаДејствието на филмот „Полска треперка“ од 1944 година се фокусира на ретката случка на размножување на овие птици во Англија.[3] Ерик Хоскинг всушност снимал ливадски треперки наместо полски, бидејќи не можел да дојде до полските во окупираната Европа.[4] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia