Полутврдо сирење

Полутврдо сирење
Млеко одКрава
овца
Пастеризирановообичаено
Текстурафлексибилна, но уште еластична
Узревање2 до 4 месеци

Полутврди сирењасирења кај кои количината на вода во содржината без маснотии во сирењето е до 65 проценти, така што по созревањето овие сирења содржат околу 40 до максимум 50 проценти апсолутна вода. Затоа, апсолутната вода ја означува вкупната количина на вода во сирењето по созревањето, и може да се изрази во грамови по килограм сирење или во проценти.

Поделба на сирењата

Во зависност од содржината на вода во безмасниот дел од сирењето:

многу тврди сирења до 30 % вода Сирења од типот пармезан: (грана падано, пармиџано лодиџано, пармиџано емилијано, пармиџано реџијано), сбринц
тврди сирења од 35 до 45 % вода бра, ементалер, гријер, алпкезе, чедар, едамер, фонтина, фиоре сардо, кашкавал, монтасио, пекорино, карстно овчо сирење
полутврди сирења од 40 до 50 % вода едамер, гауда, тилзит, трапист, бел пазе, порт салут, проволоне, сирење за раклет, тет де моан, путеркезе
меки сирења над 50 % вода сирења со мувла во структурата или на површината, сирења со намаз на површината
свежи сирења од 85 до 87 % вода моцарела, урда, маскарпоне

Количината на вода во содржината без маснотии во сирењето е важна информација што може да се искористи за да се определи типологијата на сирењето. Колку е помеко сирењето, толку е поголем процентот на вода во него. Карактеристичните својства на сирењето се образуваат во немасната супстанција, која е прилично постојан параметар на сирењата.

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya